Претседавачот на бордот на Балканскиот Универзитет и пратеник во турскиот парлaмент од владеачката АКП, Хусеин Бурџе потврди дека 4, 5 милиони евра запленети во операцијата на полицијата се пари кои му припаѓаат на Балканскиот Универзитет.
Тие пари и припаѓаат на нашата фондација и беа наменети за донација за Балканскиот Универзитет и тие пари треба да ни се вратат назад. Ние ќе работиме на тоа да се случи, изјави пратеникот Хусеин Бурџе.
Овие 4, 5 милиониу беа пронајдени во кеш при претрес на станот на еден од директорите на Халк банк. Во акцијата на полицјата беа приведени 27 лица блиски до владеачката партија АКП и премиерот Ердоган. Приведените се осомничени за парење пари.