Бошко Нацевски: Колку се смешни оние типчиња од нашата интелектуална и политичка елита, кои до вчера, кога покрај црковните светилишта минуваа, главите ги веднеа, погледот во земја го забодуваа, а сега, и сам Бог се чуди, не може да распознае, дали овие политички глумци се некои нови светци, или старите јуди.
Уште малку, тие неверници, ќе се вовлечат и во епископски одежди. А за да биде што поголема иронијата, Марксовиот “Капитал” го баталија, а не прочитале ни две страници од Библијатата.
Додуша, и светците не изневерија. Барем еден празник за сиромасите, за бедните и гладните да измислија.
За Бадник риби. По можност крап или пастрмка. Па пијачки, ореви, костени, со изгор цени. За Божик, прасечко. Чварки, со цени како да се од Месечината донесени. Другиот кулинарски асортиман да не го спомнуваме. За Велигден, јагнешко на ражен. На телешкото одамна му го заборавивме вкусот. Божјите чеда изгледа немале друга, попаметна работа, па удриле на пеење и славење. И песните на мантијашите им се со повисоки цени отколку што се настапите на оперските.
Туку, да не должам, да не ми удрат некоја клетва, ќе речам честит Бадник, за многу години Божиќ. До април ќе постиме, потоа со ветената пензионерска илјадарка, ќе се омрсиме. И
Бог го згреши патот. Отиде со оние од власта. Како да е член на Владата.
Може да го препознаете само по брадата.
Извор: Фејсбук



