Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Ќе барам лидерска средба за укинување на техничката влада и за реформските закони

0
By Zoran Ivanov on January 7, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 7, 2026 19:53

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „ТВ Алфа“ најави дека в четврток ќе ги покани политичките партии за лидерска средба, која би се одржала во период од седум до десет дена, пред неговото учество на Светскиот економски форум во Давос. Како што посочи, на средбата би се разговарало за постигнување политички консензус околу реформските закони, како и за можноста за укинување на техничката влада.

Мицкоски изјави дека очекува сите лидери на парламентарните коалиции да ја прифатат поканата, нагласувајќи дека дневниот ред не е конечен и дека може да биде дополнет со предлози од другите учесници. Според него, за клучните државни прашања неопходно е заедничко разбирање и договор меѓу политичките фактори.

Премиерот тврди дека законските решенија поврзани со реформската агенда и европската интеграција веќе имаат позитивни оценки од Венецијанската комисија и од институциите на Европската унија, што, како што рече, создава основа за сериозен и конструктивен дијалог. Тој повика на политичка зрелост и отворен разговор за прашањата околу кои, според него, нема суштински спротивставени ставови.

Осврнувајќи се на техничката влада, Мицкоски потсети дека и во СДСМ пред изборите јавно изразиле став дека ваквиот модел повеќе не е неопходен. Тој рече дека актуелната влада покажува поголема инклузивност во пристапот, што е важно во период на сериозни политички и институционални реформи, дел од кои бараат поширок политички договор.

Премиерот изјави дека какви било измени во политичкиот систем, вклучително и укинувањето на техничката влада, не треба да се прават без јасен консензус бидејќи такви одлуки мора да бидат резултат на заедничка волја и одговорност.

 

 

лидерска мозкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.