На прорускиот митинг во Доњецк повеќе од 5.000 луѓе се собрани барајќи референдум сличен на кримскиот.
Демонстрантите подигнаа шатори исто како што беше случајот со Киев на плоштадот Мајдан, кога започнаа протестите против тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович.
„Подготвен сум да живеам во шаторот но не сакам да му се потчинам на Западот и да играм како што ќе свирнат“, вели еден од демонстрантите, пренесува агенцијата АП.
По истекувањето на едночасовниот ултиматум кој им беше даден на украинските војници да ја напуштат базата во Севастопол во Крим пак, засега нема дејствувања од про-руските трупи, јавува Ројтерс.
Денеска, шефот на германската дипломатија, Франк-Волтер Штајнмаер, реферндумот на КРим го протолкува како „обид да се подели Европа“.
Штајнмаер кој се наоѓа во еднодневна посета на Киев, пред новинарите изјави дека одлуката за припојувањето на Крим со Русија претставува кршење на меѓународното право.