Забрани за сообраќај за тешки товарни возила од 15.25 часот се воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, на патниот правец крак Маврово – Дебар и од 16.20 часот на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.