НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И на денешното рочиште беше сослушуван Велибор Манев кој тврди дека не знаел дека Палчо носел оружје при грабнувањата

0
By Marija Todorovska on March 24, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Основниот кривичен суд денеска со прашања на Судот завршува сослушувањето на Велибор Манев, еден од обвинетите за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по што се очекува да продолжи со сведочење на Боре Видевски. На денешното рочиште, Манев во одговори на прашања од Судот, генерално, ги повтори деталите околу грабнувањата и убиствата на Вања и Панче кои ги изнесе на минатото рочиште.

Прашањата од Судот најпрво беа поврзани со денот пред убиството на Панче, во врска со тоа дали во неговиот дом биле Боре Видевски, Љупчо Палевски и Влатко Кешишев и дали сите четворица отишле до куќата на Панче за да ја види Палевски, за што Манев одговори потврдно и додаде дека до куќата на Панче, која е оддалечена 500-600 метри од неговиот дом отишле пеш, по што Палевски и Кешишев заедно со Реното кангу заминале за Скопје, бидејќи како што рече, Палевски требало да снима поткаст.

Во врска со критичниот ден пред убиството на Панче, рече дека тој, Палевски и Видевски повторно пеш отишле до куќата на Панче со радиостаници, додека Кешишев со Реното кангу ги чекал на пругата. Посочи дека од 5:30 утрото до околу 7 часот чекале да излезе Жежовски, но не излегол, по што по наредба на Палевски тие тројцата влегле во домот и го извршиле грабнувањето.

Откако го грабнавме Панче Жежовски го ставивме во гепекот на неговата кола. Од куќата на Панче до пругата каде што нѐ чекаше Кешишев, возилото на Панче марка Цитроен го управуваше Палевски, јас бев на совозачкото седиште, Боре Видевски седеше назад, додека Жежовски беше во гепек. Кај пругата, каде што нѐ чекаше Кешишев застанавме, го туривме горивото кое ден претходно го наточивме од бензинската „Макпетрол“ и продолживме кон „земуницата“, посочи Манев.

Прашан дали видел дека Палевски носи огнено оружје, Манев рече: „Да видев немаше да бидам овде”.

Судот, на Манев му приложи фискална сметка на која се гледа дека бил купен спреј ВД-40 и ракавици и го праша дали му е позната, за која одговори потврдно.

Ден по убиството на Панче, Манев заедно со Видевски отишле до домот на Панче, со претходно купените спреј ВД-40, ракавици и крпа, за наводно да ги избришат трагите, но, како што рече, не можеле да ја отворат вратата.

Во врска со денот пред грабнувањето на Вања, рече дека околу 11 часот пред полноќ, со неговото возило марка Мерцедес заедно со Боре Видевски отишле во канцелариите на партијата Десна, по што со Реното кангу околу 4 часот наутро четворицата тргнале кон Радишани.

Од Радишани, Манев рече дека се упатиле кон зградата каде што требало да биде грабнувањето, додека пред нив возел Палевски со Реното кангу, кој некаде пред зградата на Вања се издвоил на друго место во близина.

Претходно, рече, од Палевски знаеле кога излегува жената, бидејќи, како што рече, ја имал следено, надгледувано и сликано. Додаде дека Палевски, само еднаш, 10-15 денови пред грабнувањето ги однел до зградата.

Откако била грабната Вања, нагласи дека Палевски со Реното кангу возел пред нив цело време и ги информирал дали има полиција и дали е чисто.

Манев нагласи дека местото кај селото Рудник, каде што била убиена Вања, го одредиле заедно со Палевски по, како што рече, долг период на барање објект каде што би била чувана грабнатата жена.

Прашан зошто ја копале земуницата претходно заедно со Кешишев, тој рече дека идејата била најпрво да биде чуван Панче, додека тие го користат неговото возило за грабнувањето на жената, по што, како што рече би се направило смена, односно би го пуштиле Панче заедно со Цитроенот, додека во земуницата ќе ја чуваат грабнатата жена.

На изминатото рочиште, на кое исто така беше сослушуван Манев, рече дека грабнувањата биле координирани од страна Љупчо Палевски, кој е првообвинет во случајот, и дека сметал оти требало да извршат само грабнувања и се изненадил кога Палевски ги застрелал Вања и Панче.

Манев претходно беше испитуван од Палевски и неговата одбрана при што му беа поставени повеќе прашања во однос на временските рамки за извршување на активностите при што посочија на неколку искази на Манев, според кои, настаните не се опишани идентично. Одговорот на Манев за причината за ова беше дека тоа е поради состојбата во која ги давал изјавите во тие моменти.

Минатото рочиште Манев во детали ги образложи грабнувањета на Вања и Панче, при што посочи дека координатор и извршител на убиствата бил Палевски. Тој нагласи дека после убиството на Панче, продолжил со грабнувањето на Вања поради страв и закани од Палевски кон него и неговото семејство.

Манев потенцираше дека сметале оти треба да грабнат жена на 38-40 години и дека се обиделе да го предомислат Палевски откако виделе дека грабнале дете. Воедно, кажа дека за грабнувањата им биле ветени по 150 илјади евра.

Тој тврдеше дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, не е вмешан во случајот.

Манев посочи и дека бил изложен на тортура при неговите распити за што рече дека има и докази.

Според најавеното, по сослушувањето на Манев кое е предвидено да заврши денеска со прашања од Судот, треба да сведочи Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и на крај Палевски.

Вања грабнување манев Палчо судење убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.