Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иако „натоварен“ со критики, Цветковски по трет пат на чело на МРТ

1
By Нова ТВ on February 14, 2018 ВЕСТИ
Марјан Цветковски
Марјан Цветковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборот на Марјан Цветковски за директор на МРТ наиде на разочарување во медиумската сфера. Тој доби нов мандат откако десет членови на Програмскиот совет на МРТВ гласаа за него.

Ова е трет мандат за Цветковски, кој својата кариера на директорување ја започна во март 2012 година – по три години во 2015 година беше реизбран, за  вчера да добие „нова шанса“.

МРТ во времето на Цветковски стана синоним за партизиран јавен сервис, што беше потврдено во речиси сите извештаи на Европската комисија  и во анализите на домашните невладини организации.

Но и покрај сериозните критики кои беа упатени за начинот на кој се  известува,  видливи промени не се преземаа. Владата сега најавува дека Цветковски ќе биде директор до усвојувањето на новиот закон за аудио и аудиовизуелни услуги.

„Веднаш по усвојување на новиот закон за аудио и аудиовизуелни услуги ќе се овозможи овие раководни позиции во МРТ да ги водат професионалци, непартиски личности. Истото ќе важи и за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ). Тоа значи дека овој избор на важност е сѐ додека не го усвоиме законот“, рече Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата, по вчерашните реакции во јавноста за избор на старо-новиот директор на МРТ Марјан Цветковски.

Марјан Цветковски
Марјан Цветковски

Законските измени, кои веќе подолго време се готват, меѓу другото предвидуваат кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ да имаат искуство од најмалку 8 години во струката, а на конкурс ќе можат да се пријават со поддршка од најмалку две граѓански организации во областа на унапредувањето на човековите права, медиумите, новинарските здруженија и слични.

„Владата на Република Македонија нема никаква поврзаност со изборот на директорот на Македонската радио телевизија. Овој избор е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој сѐ уште функционира во стариот состав, а граѓаните на Република Македонија добро знаат кој членува во тој состав, на кој начин работеше и под чии влијанија“, рече Бошњаковски.

Со ова, дополни тој, ќе се прекине нетранспарентноста и партизацијата на МРТ и на Агенцијата. Новиот закон се очекува да помине на владина седница до крајот на неделава.

Критиките го следат Цветковски во целиот негов мандат.

„Длабинската анализа на програмските содржини покажа дека МРТ не само што не ги исполнува во целост своите функции на јавен радиодифузен сервис на граѓаните, туку во определени ситуации целосно се става во улога на директен актер и инструмент за пропаганда на власта. Централните вести на МРТ1 (во 19.30 часот) наместо да им обезбедат професионална, квалитетна, аналитичка, објективна и непристрасна информација на граѓаните за исклучително важните политички збиднувања во државата тие станаа гол трансмитер, но и пропаганден засилувач на ставовите на власта и на нејзините притисоци врз опозицијата“, пишува во Анализата на НВО Инфо Центарот за МРТ во 2013 година.

Наредната година ОБСЕ/ОДИХР, во анализата за известувањето на јавниот сервис  за претседателските избори, ќе констатира дека „Јавниот радиодифузен сервис, не успеал да обезбеди избалансирано и рамноправно известување и покажал значителна пристрасност во полза на владејачките партии“.

МРТ тогаш организираше една дебата на кандидатите, по која  Јавниот радиодифузер организираше програма со дискусии која главно се фокусираше на перцепцијата за неуспесите на Пендаровски, ке напише ОБСЕ/ОДИХР во својот извештај.

Наредната, 2015 година, Европската комисија констатира дека загрижува уредувачката независност на МРТ која ја поддржува власта и селективно известува за активностите на опозицијата и на невладините организации.

МТВ, под раководство на Цветковски не објави ниту една од „бомбите“ кои ги пушташе СДСМ, а во кои се слушна и како наместо јавен сервис, МРТ била претворена во партиска телевизија.

Цветковски, дојде на чело на МРТ од порталот „Кирилица“, каде што беше директор. За него, судот има донесено и пресуда по кривичната пријава која ја поднесоа дел од новинарите, вработени во порталот за неисплатени плати и неплатено пензиско и здравствено осигурување, но долговите не им беа исплатени.

Според анализата на ПИНА, платформа за истражувачко новинарство, долговите на МРТВ се поголеми од 20 милиони евра.

Освен Цветковски, со десет членови на Програмскиот совет вчера повторно беше избран и Харин Ибрахими.

Реформите во МРТ се меѓу клучните поенти и во последниот извештај на Прибе за демократизација на општеството, кои Владата се обврза дека ќе ги спроведе со планот 3-6-9.

Според последниот извештај на Репортери без граници, македонското новинарство, според слободата на изразување е на 111 место од 180 држави.

Јавен радиодифузен сервис МРТ пресуда Цветковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.