Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Идеално злосторство

19
By Нова ТВ on April 10, 2018 ВЕСТИ
Јоханес Хан и Александар Вучиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Предраг Благојевиќ, Јужне вести, Србија

„Дајте ми докази за цензура“, е парафраза на сега веќе познатата изјава на европскиот комесар Јоханес Хан, од конференцијата на новинарите во февруари 2015 година во Белград… и тоа непосредно пред на премиерот на Србија да му се обрати со „мојот пријател Александар“.

На еден од највисоките чиновници на Европската Унија му беа потребни “докази, а не гласини“ за цензура и притисоци на медиумите во Србија. Побесмислено од тоа ќе беше единствено ако побараше и докази за автоцензура.

Во деведесетите, диктаторската власт предводена од Слободан Милошевиќ, жестоко ги казнуваше непослушните медиуми, запленуваше имот, ги гасеше, а се тоа по тек на усвоениот Закон за информирање кој го пишуваше тогаш младиот министер за информирање Александар Вучиќ. Новинарите беа претепувани, Државната безбедност ги убиваше, а обвинителството за цело тоа време молчеше со незаобиколното „нема докази“ или „се е по закон“. Сепак тоа беше време кога Европа веќе одамна имаше заборавено на Слободан Милошевиќ кој е „гаранција за мир и стабилност на Балканот“, туку во него гледаше Слободан Милошевиќ кој е “балкански касап“ и не така голем број на негови поблиски соработници, на кои поради тоа им беше забрането да патуваат во земјите на ЕУ и САД.

Тромавата Европа како да заостанува за сега веќе напредната Србија. Делува како лидерите на балканските земји, некогаш  имиња од „црните листи“ за европски визи, екстремни десничари, воени поттикнувачи и злосторници, Европа им издаде бланко визи и ги прогласи за нови гарантори на мирот и стабилноста.

Користејќи испрани биографии, простени гревови и научени лекции од деведесетите, учениците неколкукратно ги надминаа професорите. Огненото и ладно оружје го заменија со неспоредливо поубиствено – административно. Куршумот моментално убива, палката крши, а државниот апарат полека дроби, тоа оваа екипа одлично го знае.

Кога даночните инспектори пет години по ред ја проверуваат работата на еден медиум, каде секоја проверка трае по неколку месеци, па вкупно поминуваат две години во редакција, и притоа не наоѓаат ни најмала неправилност, а и понатаму бараат, јасно е дека тоа не е инспекција чија цел е да застапува јавен интерес и да проверува можни даночни затајувања, туку административно оружје.

Без неопходниот службен налог, инспекторите тргнаа во обиколка на фирмите кои се рекламираат во Јужне вести, заплашувајќи ги, заканувајќи се, викајќи, навредувајќи ги бркаат и нивните клиенти.

Работната упорност на поедини фирми кои и понатаму се рекламираат во Јужне вести или соработуваат со тој медиум, дополнително ги инспирира даночните власти.

Овој пат во контрола се испратени две екипи на инспектори, кои со месеци паралелно ја чешлаат работата на фирма со дваесетина вработени. Врвот на креативност е сценариото со кое инспекторите најпрво ги копираат договорите кои медиумот ги има со меѓународните институции како ЕУ, ОБСЕ, ОН, а потоа во форма на „добронамерен совет“ ги покажуваат на членовите на семејствата на сопствениците на дирмите кои соработуваат со медиумот.

– Погледнете ги договорите. Фирмата на вашиот сопруг работи за медиум кој работи по налог на странски разузнавачки служби – пораката е кратка, а само една во низата.

Медиумот има два избора:

1.Да молчи и да остане без дел од парите бидејќи огласувачите се повлекуваат под притисок на инспекцијата.

2.Да ги извести граѓаните за случувањата и така, не само да остане без пари од оние кои даночните инспектори ги избркале, туку и без сите оние кои во иднина можеби би се рекламирале, порачувајќи им „немојте да соработувате со нас, Даночната управа ќе ве растури“, и така медиумот останува потполно без пари.

Сценариото проверено во примерот на Врањски новине, опфаќа и подоцнежна изјава на премиерката, дека ете медиумот не успеал да преживее на пазарот. Бил склон кон гасење.

Медиумот добива тапшање по рамо од колегите, пријателите, граѓаните кои ја сфаќаат проблематиката. Но државните органи тоа не го гледаат така, туку како што пријателот на Вучиќ од Австрија вели „докажете ги своите тврдења“, колку наивно очекуваат од сопствениците на мали фирми, фризерски салони, продавници, да застанат пред судиите и да сведочат против даночните власти.

Перфидните потези на власта доаѓаат до идеално сценарио, по кое може да се сними и филм: жртвата е мртва, сведоци и докази за убиството нема, а мотивот е очигледен. Значи, самоубиство.

Сигурен сум дека многу граѓани не се свесни дека гасењето на локални медиуми, кои се независни од влијание на власта, значи дека градоначалникот ќе може ладно да излезе и од куќата до канцеларијата да ги исфрли сите огледала. Така во преостанатите медиуми сигурно ќе изгледа многу подобро отколку во огледало.

Некој кој го гледа сето ова отстрана би можел дури и да се запраша дали европските лидери имаат огледала.

А можеби само престанале да се огледуваат, плашејќи се самите себе да се погледнат во очи.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.