Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Идејата за „мал шенген“ в сабота ќе се разработува во Охрид

0
By Нова ТВ on November 7, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

В сабота (9 ноември) во Охрид ќе продолжат трилатералните средби меѓу властите на Македонија, Албанија и Србија за олеснување на протокот на стоки, услуги, капитал и луѓе.

Датумот за одржување на втората средба, во рамки на иницијативата за воспоставување т.н. „мал шенген“, го објави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој рече дека телефонски разговарал со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама за претстојната средба во Охрид, со која се продолжуваат разговорите за воспоставување на т.н.„мал шенген“.

На 10 октомври, Вучиќ во Нови Сад ги повика Рама и на Заев, каде што беше донесена декларација која предвидува разговорите за отстранување на пречките за слободен проток на стоки, услуги, капитал и луѓе да продолжат во Охрид, каде се очекува да бидат претставени конкретни мерки.

Вучиќ, Рама и Заев од Нови Сад: Доста чекавме некој да направи нешто за нас

Веста за средбата во Охрид уследи веднаш по онаа што Вучиќ ја имаше завчера во Белград со специјалниот пратеник на државниот секретар на САД, Метју Палмер, кој претходно неколку дена престојуваше во Скопје.

На заедничката  прес-конференцијата со Палмер, Вучиќ изјави дека Србија се залага за соработка со земјите на Западен Балкан, што се гледа и преку продолжување на состаноците со Северна Македонија и Албанија оваа недела во Охрид, а потоа и со другите земји од регионот. Српскиот претседател им се заблагодари на САД за поддршката на оваа идеја.

– Отворено можам да кажам дека САД ја подржаа оваа идеја, која се базира на четирите основни слободи на движење на стоки, луѓе, услуги и капитал и ние очекуваме и дополнителна поддршка од Палмер и од САД воопшто, кажа Вучиќ.

Палмер, на  прес-конференцијата изјави дека главна тема на состанокот со српскиот претседател била политичката ситуација во регионот и косовското прашање, поврзувајќи го ова со како што кажа, „ставот на САД дека сакаат Западен Балкан да има европска перспектива“.

Палмер го повтори ставот дека ЕУ направи историска грешка и испрати лоша порака за целиот регион со неотворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

– САД сакаат Западен Балкан да има европска перспектива и ние ќе направиме сè што можеме да ја убедиме ЕУ да го промени ставот пред состанокот на европските лидери во Загреб во мај – изјави Палмер во Белград.

Пред првата средба Заев – Вучиќ – Рама во Нови Сад, која се одржа непосредно пред самитот на ЕУ во Брисел, претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска изјави дека предност треба да им се даде на реформите што се клучни за добивање датум за преговори, а не на гетоизирање со соседите, што не би ни донело никаков напредок.

Пред средбата во Нови Сад: Не ни треба „мал шенген“, туку реформи за влез во ЕУ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.