Канадските власти го идентификувале напаѓачот кој вчера уби еден војник на почесната стража во Отава, а потоа учествувал и во престрелката во парламентот.
Станува збор за Мајкл Зехаф Бибо, кој откако пукал во канадскиот војник кај споменикот на жртвите од Првата светска војна, влегол во Парламентот каде што бил убиен.
Во престрелката биле ранети уште две лица. Полицијата наведува дека во пукањето во парламентот учествувале уште две лица.
Деновиве во Квебек едно лице со автомобил удрил во двајца војници, при што едниот од нив загинал.