Според шефот на Интерпол, исчезнувањето на малезискиот авион не е поврзан со тероризам.
„Што повеќе информации добиваме, се повеќе се уверуваме дека не станува збор за терористички инцидент“, изјави генералниот секретар на Интерпол, Роналд Нобл на прес-конференција во Лион, Франција.
Во однос на доказите, Нобл се осврна на информациите од малезиските власти кои укажуваат дека еден од двајцата патника со украдени пасоши, Иранецот, се обидувал да дојде до Германија кај неговата мајка.
Двајцата патници за кои станува збор во Малезија влегле со валидни ирански пасоши, а австријскиот и италијанскиот ги искористиле за летот со малезискиот авион.
Станува збор за Пури Нурмохамади 18-годишен, и Делавар Мохамед Рез 29-годишен.
Според генералот Калид Абу Бакар од малезиската полиција, младиот Иранец не претставувал закана.
„Го проверувавме неговото минато. Го проверивме неговото досие и кај другите полициски организации и веруваме дека не бил член на ниедна терористичка групација“, изјави Абу Бакар.