Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Идентитетот е чудна работа

0
By Zoran Ivanov on July 13, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 13, 2026 21:16

„Што правиме со она што ни е доверено од претходните генерации?“

Бенита Белешкова

Ова е прашањето што ми се појави додека седев во мојата адвокатска канцеларија во Скопје и се обидував да завршам еден договор од 47 страници, во кој страните детално го регулираа секој можен ризик, освен најголемиот а тоа е дека можеби еден ден ќе заборават зошто воопшто го склучиле.

Си помислив дека тоа е, веројатно, најголемиот човечки талент.

Да направиме совршени правила за несовршено разбирање.

Јас сум правник.Тоа значи дека професионално сум обучена да верувам дека секој проблем може да се реши со доволно добро напишан член.

Член 1: Предмет на договорот.

Член 2: Права и обврски.

Член 3: Одговорност.

Член 4: Завршни одредби.

Само што животот, за жал, никогаш не прочитал закон.Според старите правила на древната мудрост: животот е конечен, тотално непредвидлив и во тој меѓу простор длабоко меѓуповрзан со се што живее во него.

Животот нема член 5: „Начин на постапување во случај на идентитетска криза“.

А особено нема член 6: „Што да прави еден народ кога некој друг ќе му објаснува кој е“.

Затоа последниве години сè почесто размислувам за идентитетот. Но да појаснам не го правам тоа како политичар. Во никој случај не сум ниту историчар.

Туку како адвокатка која премногу долго гледала луѓе како се караат за имот, наследство и права, за поделба на бизнис и на крај да сфати дека најголемата борба никогаш не била за куќата.Туку за чувството дека некој признал дека таа куќа некогаш била нивен дом.

Идентитетот е чудна работа.Сите сакаат да го дефинираат.

Најмногу оние што не го носат во својот приватен живот.Тоа е како некој што никогаш не те запознал да ти напише биографија и потоа да се налути затоа што не личиш на неговата верзија.

Замислете да отидете кај психијатар и тој уште пред да ве праша како се чувствувате да ви каже:

„Имам мислење за вас. Вашата личност е спорна.“

Веројатно ќе побарате друг психијатар.Но кога станува збор за народи и нивниот идентитет, одеднаш сите стануваат експерти.На Балканот секој има диплома за туѓа историја.

Никој не ја покажува, но сите ја носат во џеб.

Некогаш мислам дека ако на Балканот се организира натпревар во историски толкувања, ќе имаме повеќе учесници отколку на фудбалско првенство што го следиме.

И секој ќе дојде со своја топка!

Во мојот ум постои еден простор каде што стара фасада станува метафора за државата.

Каде што еден напуштен хотел не е само зграда, туку сведоштво дека времето поминало, а ние сме биле премногу зафатени со дневни расправии за да го забележиме.

И таму, некаде меѓу напукнатите ѕидови и старите фотографии, сфаќам дека идентитетот е можеби најстарата форма на наследство. Но тоа нема никаква врска со правото затоа што не се наследува само земја.Ниту пак се наследуваат само куќи и имоти.

Во ова непишана морална форма се наследуваат приказни.Јазици.Песни.Сеќавања.Начини на гледање на светот.

Како адвокатка знам дека правото има граници.Законот не може да создаде душа.

Не може со член и став да нареди човек да чувствува припадност.Ниту пак закон може со службен печат да избрише нечие сеќавање.

Можеби во современиот јазик тоа би го нарекле еден вид „колективен cloud“ – невидлив простор во кој еден народ ги чува своите приказни, својот јазик, своите спомени и своето чувство за припадност.

Но правото може нешто многу важно.Може да создаде услови луѓето да го зачуваат она што го сметаат за вредно.Може да ги заштити книгите, јазикот, културата, архивите, институциите, старите народи како .

Може да спречи една генерација да ја остави следната без трага.Затоа што најголемата опасност за еден идентитет не е туѓото мислење.

Најголемата опасност е сопствената рамнодушност. Народите ретко исчезнуваат затоа што некој надвор од нив кажал нешто. Почесто исчезнуваат кога самите ќе престанат да се грижат.

Како стара куќа. Ги има многу такви во градчето од кое потекнувам – Крива Паланка. Не паѓаат затоа што некој минувач рекол дека се грди. Паѓаат затоа што сопствениците престанале да го поправаат покривот и да ја обновуваат фасадата.И затоа, можеби, најважното прашање не е:„Кој има право да каже кои сме?“

Туку: „Што правиме ние за да не мораме постојано да му докажуваме на светот кои сме?“

Можеби идентитетот не е нешто што треба постојано да го браниме со викање.Јас лично сметам дека треба да го живееме а со тоа и да се грижиме.

Во јазикот што го зборуваме, а мислам на оној убав, милозвучен и емпатичен јазик, а не на погрдниот. Затоа што јазикот не е само средство за комуникација. Тој е звучен простор на почит, убавина и човечност.Преку световите што ги учиме од книгите што ги читаме.Тука се и  спомениците што ги чуваме.Но исто толку важно и во  начинот на кој ги воспитуваме децата.

Затоа што на крајот, историјата не ја пишуваат само победниците.

Ја пишуваат и оние што имале доволно трпение, совесност и труд да зачуваат нешто кога сите други биле зафатени со расправија.

 

А јас, како адвокатка од Скопје, ќе продолжам да верувам во едно старо правничко правило:Она што е вредно не се брани само со аргументи.

Тоа самото си се брани со грижа. Со паметење.И со достоинство.

Идентитетот е чудна работа.

Колку повеќе некој се обидува да ти објасни кој си, толку повеќе открива колку малку разбира дека човекот, а и народот,никогаш не е само дефиниција.

Тој е приказна.

 

бенита белешкова колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.