Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЈЗ со препораки за правилна хидратација за време на празниците

0
By Marija Todorovska on December 30, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците.

– За време на празниците, луѓето се опуштаат во исхраната и пиењето. Меѓутоа, ова „опуштање“, за жал, не е „ајде, само денес“, туку трае околу триесет дена. Оваа година, Институтот за јавно здравје се фокусира на препораки за правилна хидратација за време на празниците, се наведува во соопштението, апелирајќи граѓаните да го преиспитаат нивниот пијалак.

Од ИЈЗ посочуваат дека слатките пијалаци „кријат кисела вистина“.

– Внесот на вакви пијалаци е една од главните причинители за зголемената преваленца на дебелина, дијабетес тип два, кардиоваскуларни болести, забен кариес и други здравствени проблеми. На пример, во Северна Македонија, податоците од Иницијативата за следење на дебелината кај децата, покажуваат дека внесот на засладени безалкохолни пијалаци повеќе од трипати неделно е застапен кај 45 отсто од момчињата и 37 проценти од девојчињата, се истакнува во соопштението.

Се појаснува дека под засладени безалкохолни пијалаци спаѓаат газирани, овошни, спортски, енергетски пијалаци, ладни чаеви и вода со вкусови – ароми. Исто така, кафињата со вкус, чоколадното млеко, пијалаците каде се додава шеќер – бел или кафеав, млеко во прав, шлаг и слично, спаѓаат во оваа категорија.

– Како да избегнеме засладени пијалаци? Не купувајте и не складирајте засладени пијалаци дома. Во кафулиња, ресторани и слично, не нарачувајте безалкохолни пијалаци и избегнувајте шлагови, преливи, сокови со растворување, сирупи и така натаму. Редовно носете со себе вода во стаклено шише, советуваат од ИЈЗ.

Оттаму апелираат водата да биде сечиј прв избор.

– Консумирајте млеко, јогурт, кефир и слично. Ако ви недостасуваат газирани пијалаци, изберете газирана минерална вода без вкус – арома. Чај или домашно цеден сок без додаден шеќер. Имајте предвид дека, ништо од горенаведените пијалаци не се целосна замена за водата, туку може да заменат една порција, појаснуваат од Институтот.

Апелираат дека ниту едно ниво на консумирање алкохол не е безбедно за нашето здравје.

– Меѓународната агенција за истражување на ракот, алкохолот го класифицира како токсична, психоактивна супстанца што создава зависност и канцерогена супстанца – група 1, со што се каузално поврзани седум видови рак: на устата, грлото, душникот, хранопроводот, црниот дроб, дојката – жени и дебелото црево, истакнуваат од ИЈЗ.

На глобално ниво, како што се додава во соопштението, алкохолот придонесува за три милиони смртни случаи и е одговорен за 5,1 отсто од глобалното оптоварување на болести и повреди. Дури 13,5 проценти, како што се наведува, од сите смртни случаи кај оние на возраст од 20 до 39 години се припишуваат на алкохол.

– Консумирањето на алкохол е поврзана со 740.000 нови случаи на рак секоја година на глобално ниво. Сепак, најновите достапни податоци покажуваат дека половина од сите видови на рак што се припишува на алкохол во Европскиот регион на СЗО се предизвикани од „лесна“ и „умерена“ консумација на алкохол – помалку од 1,5 литри вино или помалку од 3,5 литри пиво неделно, појаснуваат од ИЈЗ.

Од Институтот нагласуваат дека некои студии сугерираат оти лесно до умерено консумирање – 1-2 алкохолни единици на ден, алкохол има ограничен заштитен ефект врз инциденцата на кардиоваскуларни болести и тоа, за лица над 40 години.

– Сепак, заштитните ефекти на умерената консумација исчезнуваат при епизоди на висок внес на алкохол, што го зголемува ризикот од сите кардиоваскуларни заболувања. А за лицата на возраст од 15 до 39 години, нема здравствени придобивки од пиењето алкохол, туку само здравствени ризици. Не постои безбедно ниво на консумирање алкохол. Иако постојат некои потенцијални здравствени придобивки од лесен до умерен внес на алкохол – како што се ефектите врз кардиоваскуларните болести и дијабетес тип два, овие придобивки не ги надминуваат ризиците од рак што се поврзуваат со истото ниво на консумирање алкохол. Следствено, после многу опсежен и студиозен пристап кон оваа двојба, СЗО, има консензуален став со следната изјава „Ниту едно ниво на консумирање алкохол не е безбедно за нашето здравје“, се истакнува во соопштението.

Според д-р Карина Фереира-Боргес-в.д. раководителка на единицата за управување со незаразни болести и регионален советник за алкохол и недозволени супстанции, не можеме да зборуваме за таканаречено безбедно ниво на употреба на алкохол.

– Без разлика колку пиете, ризикот по здравјето на оние кои консумираат алкохол започнува од првата капка. Единственото нешто што можеме да го кажеме со сигурност е дека колку повеќе пиете, толку е поштетно – или, со други зборови, колку помалку пиете, толку е побезбедно, пишува во нејзината изјава.

Покрај СЗО, нордиските, канадските и германските препораки за исхрана од 2023 година, како што истакнуваат од ИЈЗ, наведуваат „бидејќи не може да се обезбеди безбедно ограничување за консумирање алкохол, препораката е дека секој треба да избегнува да пие алкохол“.

алкохол ИЈЗ јадење празници хидратација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.