Илјадници домови долж течението на реката Темза во Англија се подготвуваат за големите поплави поради големиот воден бран кој се движи кон југ, јавува BBC.
Водостојот на реката е на рекордно високо ниво. Полицијата предупредува дека дури 2.500 домови во Сареј би можеле да бидат поплавени. Издадени се 400 предупредувања низ јужна Англија и Мидлендс. Стотина луѓе мораа да ги напуштат домовите.
Војската синоќа постави насипи за одбрана од поплавите и ќе се обиде да ја пренасочи реката подалеку од куќите.
Дождот ќе продолжи да паѓа и во наредните денови и водостојот на реките ќе расте.
Поплаватa предизвика застој и во железничкиот сообраќај.