Илјадници деца во Северна Африка се сирачиња како последица од смртоносниот вирус ебола, се вели во соопштението на УНИЦЕФ. Роднините на децата се плашат да ги земаат од страв од зараза.
Околу 3 700 деца во Гвинеа, Либерија и Сиера Леоне изгубиле еден или и двајцата родители поради болеста.
– Сирачињата обично ги земаат членови на поширокото семејство, но во некои заедници стравот од еболата е посилен од фамилијарните односи, вели Мануел Фонтан, регионален директор на УНИЦЕФ.
Од Агенцијата се плашат дека во наредните месеци, бројот на сирачиња би можел да се дуплира.
– УНИЦЕФ разгледува и традиционални и нови начини да се помогне во физичкото и емоционалното закрепнување на децата, се вели во соопштението на Агенцијата.