Двајцата најбогати луѓе на светот, Џеф Безос и Илон Маск ја претставија идејата за решавање на проблемите со бездомниците , предлагајќи седиштето на компанијата Твитер да се пренамени за прифатилиште на луѓе без домови.
Основачот на компанијата Амазон за онлајн трговија Безос, се придружи на идејата која ја претстави Маск однеодамна најголемиот акционер на Твитер, седиштето на оваа јавна мрежа во Сан Франциско да се пренамени во дом за бездомници бидејќи во таа зграда ионака работеле мал број на луѓе поради пандемијата, пренесува Ројтерс.