Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има еден судија, чие име ќе го дознаеме

0
By Биљана Секуловска on December 21, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Што не се изнагледавме и изнаслушавме последниве неколку години. Па, па, па.

Во оваа еуфорија на спектаклот кој го имавме повеќепати дневно, може слободно да ги изземеме бомбите на Заев, кои веќе полека тонат во заборав.

Од оваа дистанца некако како и да беа благо здодевни тие бомби- постојано сè се вртеше околу насилство, криминал, корупција, политички одмазди и политички затвореници. И истите ликови, од истата, стара, нам одамна добро позната партија- ВМРО-ДПМНЕ, по некоја бомба доби и ДУИ, како и Гром, во ред, да не ги заборавиме и прославените судии и по некој валкан бизнисмен.

Но, знаете како.

Ако повеќе од две години слушате за политички, и во исто време криминален терор на одредена партија- значи на ВМРО, па потоа и за мозокот на теророт на авторитарниот и деспотски режим- Никола Груевски, како поминува времето, а тоа поминува сепак со подла брзина, некако се навикнувате. Милионите, милијардите ги слушате со години, крадени, злоупотребувани, пренесувани, товарени, криумчарени- и на тоа секако, со текот на времето, се разбира дека почнувате да клапнувате во блага дремка. Почнувате да умирате од досада, признајте.

Не сум тука да ве поттикнувам на таа пасивна активност, не навивам за тоа, но, што да се прави, вистината е дека тоа ни го донесоа сите овие години.  Без судски пресуди и конечно затворање на досиејата, смртта на нацијата од нападно зевање и болна разочараност беше неминовна.

Во целиот пустош кој го остави зад себе Груевски и неговата драга партија, никогаш не видовме, ниту чувме за некои интригирачки пикантерии, кади полни со млеко и потоци шампањи, меѓусебни гаѓања со јагоди и кавијари, ѓаволи кои носат Прада и ситни други дребулии, кои го чинат неизживеаниот милијардерски, гангстерски живот. Можеби ги имало, не велам не, најмалку сакам да кажам дека се живеело скромно и со подврзани пантолони на учкур, но што и да облекле и прошетале вмровците, никој до ден денешен не забележа.

Што не мислам дека е некаков комплимент, секако дека никој не оди во таа насока, особено кога сте невидливи дури и околу вратот да ставите Ермес чанта, но, за тој проклет крст на бледилото, не помагаат ниту политички функции, ниту масни сметки  натоварени низ банките во светот.

Додека не живнавме повторно. Имавме среќа, признајте, во целото тоа мртвило од повторување на вмровските зулуми низ судниците, аферата Рекет и месеци подоцна- деновиве да ја анализираме нарко-мафијашката актерска афера- е,тоа е нашиот спас од досадата. Охохо, и тоа каков е тоа спас.

Новите ликови како Катица Јанева, Боки 13 и Орце Камчев (добро, освен него, тој сепак има метузалемска историја) ги поклопија старите, затоа што тие станаа веќе прастар вид, изумрена сорта, веќе се заборавени, можеби и не постоеле, ќе почнеме да се сомневаме во сопствениот здрав разум и острата меморија.

До новите и уште поновите афери, сè додека сосема не се откажеме од надежта дека некој навистина ќе одговара во оваа држава. Јас не би се кладела на ваков расплет, колку и да се надеваат политичките првенци на сегашната ВМРО-ДПМНЕ.

Секогаш постои заплеткано конче во клопчето кое е зафрлено отстрана, запикано во пајажина, поттурнато низ прашините. Некој некогаш ќе се сопне од него, дури и во најмалото конче може да лежи клучот на расплетот. Веројатно има во оваа земја таков судија, кој ќе се одважи да  се потстресе од кончето кое некој го скрил, да ни покаже дека секој може да создаде историја во сопствената држава, затоа што поинаку, таа не може понатаму на овој начин, во бескрај.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.