Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли живот после Макрон?

0
By Биљана Секуловска on October 19, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

А што да се каже после француските шлаканици, влепени по образите, насред челото, по устата, директно во аркадата, најпрво нежни, свилени, мазни, за да станат потценувачки, понижувачки, малтретирачки, бесрамно долги и болни.

Тоа е така, но што со тоа? Што после денот на самосожалување, што потоа можеме да му дадеме на светот, откако се прпелкаме со часови како живи да нè одрале, што ден потоа можеме сами да сториме со себе, откако ќе кукаме и лелекаме, како да нема утре, како да не знаеме дека многу вакви утра сме протуркале низ деценииве.

Најлесно му е на Заев, тој во секое време е подготвен да даде оставка.

Но, нека нè праша, нека се праша самиот, само еднаш- знае ли како ни е нам?

Веќе со години слушаме како е на раб да даде оставка. На разни теми, заради крупни проблеми, заради несовладливи тешкотии, тој во секое време е подготвен. Едната нога му е секогаш на штрек- да го повлече во сопствената пропаст.

Можеме да ги набројуваме тие негови проблеми до бескрај, секако, затоа што тие, неранимајковците, секогаш се комплицираат и мултиплицираат.

Самите од себе се размножуваат со задоволство и особена страст- како штеточини го напаѓаат и го кутнуваат, тој се подистресува за миг да го остават на мира. Ех, каква е таа стапица, колку се тие подмолни, знае тој, знаеме и ние, но што со тоа наше сознание, добога.

Проклетниците тие, проблемите, имаат одамна разработена стратегија за напад. Се наоружале тие со нови проблеми, меѓупречки, бодликави жици, стануваат со време ужасни ѕидови.

Што ви преостанува на крај? Можете да ги прескокнете тие бетонски ѕидини, челични бедеми кои ве опкружиле, кои ви се приближуваат опасно, кои се закануваат дека ќе ве втераат во ќош, дека ќе ве потиснат и ќе ве прегазат. Само така, можете да избегате што подалеку од нив, од сите нас, од самиот себе.

Или пак, ќе се удирате од нив- со главата, со телото, ќе ги корнете камче по камче од тие ѕидови, додека не попука малтерот, додека не наидете на железните шипки кои ги држат ѕидовите, додека не ги претворите во ѕидови на плачот.

Тоа се тие ситуации, секојдневни, сурови, рискантни за луѓе кои се вложуваат премногу со емоциите, со срцето. Тоа е секојдневието во животот на еден политичар, тоа е немилоста со која е опкружен, тоа е светоста и бедата на таа професија.

Паничните потези на Заев да се даде оставка веднаш и сега, затоа што никогаш и ништо поинаку не се може, се само потези на еден уморен, истрошен фаталист, жалам, но тоа така изгледа, отстрана гледано. Човекот кој голем дел од животот вложи многу, во вистинскиот пат, жртвуваше сè попат, пречесто почна да се предава и да се разочарува- од големите неправди, неисполнетите ветувања, срушената визија за праведна иднина за државава, за која мислеше дека се исполнува само ако силно се сака и жедно се посакува.

Но, тој секако дека знае, како и сите ние- дека тоа е истата таа земја,  која не знае сама да мрдне ниту милиметар, без да и донесат патерици странците, западните демократии- не само што ќе ѝ  ги сервираат, туку кроце, полека, ќе ја носат низ тој пат, ќе се потсопнуваат заедно, ќе се издигаат и пак ќе пропаѓаат, ќе ги клоцаме и шутираме, ќе ги вовлекуваме во дупки, ќе ги сопнуваме и подло ќе ги малтетираме, со децении, кои се чинат вечност.

Во меѓувреме, тој, којзнае зошто и којзнае како, замислил дека политиката е благородна вила- нежна самовила, која понекогаш, откако ќе се смилува и ќе здивне од борбите и гневот со кој е опружена, тој замислил дека таа сепак знае и да дарува и милува. Да испева приспиванки и да рецитира бајки на крајот на денот, или во попладневната пауза за дремка. Ајде, ве молам, зборуваме за Балкан, господа.

Знае тој, не е дека не знае, дека проклетницата бара поднесување на секојдневни жртви, да ѝ се принесат под нејзините нозе, за да ги гази, ковче по ковче, ситно да ги меле, да ги мљацка, да ги исплукува на крај, згадена од секој што ќе ѝ се приближи доволно блиску.

Да, бара жртви од него, зошто да не конечно, но не и најмногу од него. Тоа никој не го сфатил- како Заев досега не го дознал, како, добога.

Бара таа бесрамно жртви пред сè  и најмногу од обичниот човек, кому наместо да му служат политичарите, тој им се става на услуга низ целиот свој век. Тој обично станува заложник на политиката, таа особено се слади кога тие луѓе се немоќни, слаби, подвиткани. Тие луѓе не можат да дадат оставка од сопствениот живот, не можат да се збогуваат сами од себе, тие пропаѓаат и никогаш повторно не се креваат, онака како што Заев секогаш досега имаше шанса.

Можеби некој од тие луѓе ќе ја слушне пораката на Пендаровски- дека ние немаме непријатели во Европа- сигурна сум дека ќе ја разберат. Дури и луѓето кои не се во политиката директно, знаат. Тие можеби и подобро знаат од политичарите- дека во политиката има едно важно правило- таа не знае секогаш да биде праведна, напротив, најчесто е неправедна, но многу често знае да биде и сурова. Неа ја водат исклучиво интересите, таа понекогаш со задоволство знае да го поддржува егоизмот, да го храни кукавичлукот, да биде лицемерна и превртлива, зла и пакосна. Изгледа како да ужива да создава потпросечни лидери, особено кај големите сили, особено во последните децении. Таа, ни се чини понекогаш,  како да не знае повеќе да изроди великани како Черчил, Де Гол, Џеферсон.

Можеби Заев ќе се сети некогаш политичката траекторија на еден Де Гол, тоа се времиња на војната, на беспаќата, на секојдневните шлаканици и грубите политички интереси кои го понижувале и лично него. Да, но тој знаел дека неговиот народ е тој што страда, пред сè . Затоа и не се откажувал од Отпорот и од борбата, затоа што знаел дека тоа е негова задача и обврска- затоа што само целта била важна, а не тој, и само тој.

Во тешките времиња останува само да се потпреме на јунаците, ако се изродиле и ако ги познаваме, но и ако сами се препознале дека можат да го изодат патот, докрај, заедно со нас.

А, да, нешто многу важно за крај. Недобивањето на датумот за преговори, колку што може да се потпреме на разумот и рационалноста, некако и не би можело да се вброи во потешките денови на оваа земја, за кои знаеме дека сме ги имале, сепак. Нели, премиере?

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.