Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има Сумак – славејот од Андите

24
By Нова ТВ on June 29, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Михаил Мице Бошковски

Во аналите на светска вокална музичка уметност не постои друго име освен Има Сумак со таква природна дарба која и овозможува без поголем напор да отпее четири октави, а во најдобрите времиња во младоста и пет.

Музичките стручњаци тоа би го нарекле од најдлабок алт до највисок сопран. Затоа некои ја нарекоа „Осмо светско чудо“.

Такво нешто се смета само за вродена дарба, бидејќи за некое образование, посебно музичко, не може да стане збор. Таа, иако направи светска кариера, не научи да го чита нотното писмо.

Родена е во септември 1922 г., (иако имаше обичај да се претставува пет години помлада), како Зоила Аугуста Императрис Чавари дел Кастиљо, во местото Ичокан на скоро 2.600 метри надморска височина, во регионот Кахамарка во пазувите на перунските Анди од мајка Индијанка и татко Шпанец.

За себе велеше дека поседува документ за потеклото од Атахуалпа (1497 – 1533), последниот независен император на Империјата на Инките (по мајка), па така често пати е најавувана како „Принцезата на Инките“. Пее уште како младо девојче, сама во планината, меѓу птиците и со птиците, на моменти имитирајќи го нивниот глас. Публика и се карпите и високите планински врвови.

Во светот на музиката навлегува кога се прикличува кон „Compania peruana de arte“ 46 члена група на музичари, пејачи и танчери со која раководи Мојсес Виванко. Во 1942 г. се мажи за него и започнува професионална кариера како Има Сумак.

Интерпретира обработена традиционална перуанска музика која со вокалот, егзотичната појава и автентичните костими, делува восхитувачки. Успесите што ги има во Перу и Аргентина, ја охрабруваат да замине со сопругот во Њу Јорк. Четири години со променлив успех како трио настапуваат по ноќни локали се додека во 1950 г. еден „ловец“ на таленти од компанијата „Капитол рекордс“ ги забележува и им понудува договор за снимање.

Првиот албум „Voice Of The Xtabay“, (на 78 вртења во минута), иако се издава без вообичаената реклама, достигнува солиден тираж кој го отвора патот за нови изданија. Следуваат изданијата: „Flahooley“ (1951), „Legend Of The Sun Virgin“ (1952), „Inca Taqui“ (1953), „Mambo“ (1954), „Legend Of The Jivaro“ (1957), „Fuego Del Ande“ (1959).

Со овие плочи Има Сумак станува светски позната пејачка ѕвезда. На нејзината убавина, егзотика и пред се на магичните звуци што излегуваа од нејзиното грло, и се восхитуваа секаде каде ќе се појавеше.

Таа стана миленичка на многу пејачи кои до пред неколку години беа нејзини идоли. Педесеттите години, дефинитивно и беа најплодни во кариерата.

Настапуваше во најпрестижните сали по Јужна, Средна и Северна Америка. Не ја заобиколи ниту Бродвејската сцена, ниту филмот, а и останатиот дел од светот го почести со грандиозни турнеи кои, посебно во 60-тите години траеја и по неколку години.

За снимањето на нејзините грамофонски изданија беа ангажирани и двајца врвни музички творци. Лекс Бакстер (1922 – 1996) со својот оркестар го реализира првиот албум и албумот со рокерски призвук „Miracles“ во 1972 г. A Били Меј (1916 – 2004), со својот оркестар го реализира албумот „Мамбо“ со композиции на сопругот Виванко.

Во 1961 г. Има Сумак заминува на голема светска турнеја која трае неколку години. Од таа турнеја е издаден еден албум на живо од настапот во Букурешт. Исто така познати се нејзините концерти во тогашниот СССР. Првин настапува на „Шестиот фестивал на млади и студенти“, потоа одржува по два концерти неделно во други градови цели шест месеци.

Хонорарите ги добива во странска валута, а постои приказната дека нејзините концерти се прекинати од КГБ и дека потоа нејзината музика била ставена под забрана. На крајот на турнејата во која посетува неколку континенти, во 1965 година, се разделува од Виванко и конечно го прекинува бракот кој подолго време беше на граница на развод.


Кон крајот на 80-тите правени се обиди на научна основа и со софистицирана технологија да се испитаат вистинските можности на нејзиниот вокал, но Има Сумак не се согласила да биде предмет на такви испитувања.

Две години пред смртта, повторно е во Перу, овојпат по покана на тогашниот Претседател Алехандро Толедо да прими одликување. Посетата на родната земја се одолжува бидејќи од сите страни на Перу е опсипана со покани за примање на разни награди и признанија.

Има Сумак умре на 1. 11. 2008 г. на 86 годишна возраст. Погребана е во Холивуд, каде што го помина поголемиот дел од животот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.