Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имам повторно да ви кажам нешто

0
By Marija Todorovska on July 5, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Накратко: оригиналната верзија на текстот на извештајот, постигнат во преговорите на политичките групи, е реална. Ама одредени политичари не би биле политичари да не прават драма во врска со се што е поврзано со македонскиот народ, јазик и идентитет.

Ирена Јовева

Дали мислите дека стварно постојат „модерни“ јазици? Јазикот е живо суштество, знам, но за мене тоа „модерен“ јазик е на пример сленг, кој постојано се менува или се прилагодува на младите и понекогаш е тешко да се следи. Можеби само сум стара. Или „старомодна“, секако не „модерна“, нели?

А што е со јазикот на еден народ? Еден јазик може да има неколку верзии, знам, но тоа, исправете ме ако грешам, се нарекува дијалект. Меѓутоа, не постои ситуација во која што еден јазик, формално признат јазик, одеднаш станува „модерен“. Чисто поради тоа што некој, ете, решил да го нарече така. Се во духот на добрососедските односи, нели?

Зошто го пишувам сето ова? Затоа што идната недела, на пленарната седница во Европскиот парламент, ќе гласаме за извештајот на, цитирам „Европската комисија за Северна Македонија“ за последните две години.

Тоа се сосема нормални традиционални годишни извештаи, со единствена цел: да бидат професионални, фер и засновани на критериумите за напредокот на земјата кандидат. Тоа се извештаи кој што НИКОГАШ не треба да станат алатка за разјаснување на работи кои немаат НИКАКВА врска со критериумите за процесот на пристапување.

Накратко: оригиналната верзија на текстот на извештајот, постигнат во преговорите на политичките групи, е реална. Ама одредени политичари не би биле политичари да не прават драма во врска со се што е поврзано со македонскиот народ, јазик и идентитет.

Тие сакаа во текстот да го вклучат зборот „модерен“. Модерен македонски јазик. Се е во духот на добрососедските односи, нели?

Е па, нема да може. Да ви кажам…Многу добро разбирам дека политиката е прашање на компромиси, кои не се нужно секогаш најдобри. Ја разбирам и емоционалноста до која доаѓа кога станува збор на одредени теми.

Но, НИКОГАШ нема и не сакам да разберам како европските институции можат толку лесно да станат простор каде, под изговор на парламентаризам, па и на европеизација, цветаат националистички ревизионистички идеи. Простор каде што институционалната моќ се користи за еднострани обиди на примени не само на минатото, туку дури и на сегашноста. Или модерноста, ако сакате.

Дали навистина секогаш мораме да бираме страни? Добро, ајде. Пак ќе бираме страни. Еве, јас ја бирам страната каде што идентитетот на нацијата е оставен на мир. Каде што јазикот на нацијата е оставен на мир.

Од срце и посакувам се најдобро и најубаво на татковината на моите родители. Но, за жал, таму е се освен тоа. Интересите на политичарите, од сите страни!, не треба да бидат парохиски, националистички интереси и манипулации. Нивниот интерес треба да биде народот. И не, не само едниот. И не, не двата народа. Туку…СИТЕ.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

Европски парламент Извештај Ирена Јовева македонски јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.