На првата геј парада, која денеска се одржува во Кипар, учествуваа три и пол илјади луѓе, но што јавуваат светските медиуми, дошло до нцидент кога мала група учесници на парадата се судрила со полицјата.
Тие бараат еднакви права како и останатите граѓани на Кипар, каде влијанието на Православната црква е на доста завидно ниво.
Кипар во 1998 година ја декриминализира хомосексуалноста, пет години откако еден од пионерите на правата на луѓето во оваа област Алекос Модинос го доби спорот против оваа земја пред Европскиот суд за човекови права.