Треба да се размислува да бидат ангажирани трупите на ЕУ, доколку ситуацијата во БИХ ескалира , изјави високиот претставник на Босна и Херцеговина, Валентин Инцко.
-Ќе ја разгледаме ситуацијата во БИХ во вторник во Меѓународниот управувачки одбор. Австрија ќе го зголеми бројот на своите војници во БиХ. Доколку ситуацијата есклаира ќе мораме ,евентуално, да размислуваме за трупите на ЕУ, меѓутоа не сега,изјавил Инцко за медиумите.
Тој смета дека сегашната ситуација во БиХ е најлоша од завршувањето на војната, односно од Дејтонскиот договор во 1995 година. Според него, протестите во БиХ се опрaвдани и дека особено социјалната нееднаквост довела до незадоволство на граѓаните.