Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индекс на активна транспарентност: Владата и МО на врвот, МНР и Министерството за политички систем на дното

0
By Sashko on August 18, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 18, 2022 13:11

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 проценти, што е подобрување за десет процентни поени во однос на минатата година кога изнесувало 63 отсто, покажува најновото рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер на Центарот за граѓански комуникации.

Рангирањето се објавува еднаш годишно од 2016 година и во него се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 процент од институциите.

Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 85 отсто, а на општините 70 проценти. За разлика од лани, министерствата се подобриле за 6 процентни поени, а општините за 10.

Две институции: Министерството за одбрана и Владата имаат по максимални 100 проценти, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност.

Потоа следуваат Министерството за локална самоуправа со активна транспарентност од 95,5 проценти, па Министерството за финансии – 94,4 отсто, Министерството за внатрешни работи, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука сите со по 91,7 проценти активна транспарентност и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со 91,3 проценти.

Најмала активна транспарентност имаат Министерството за политички систем и односи со заедниците – 54,3 проценти и Министерството за надворешни работи – 60,9 отсто.

Потоа следуваат Министерството за транспорт и врски – 75 проценти, Министерството за култура – 77,1 отсто, Министерството за економија – 81,3 проценти, Министерството за правда и Министерството за труд и социјална политика со по 83,3 отсто и Министерството за информатичко општество и администрација со активна транспарентност од 89,6 процнти.

Од општините три се наоѓаат на третата позиција, со високи 97 проценти исполнетост на обврските за објавување информации според активната транспарентност и се воедно лидери – Битола, Валандово и Карпош.

Најслаба транспарентност од општините имаат Арачиново со 8,7 проценти и Зелениково со 17,4 отсто активна транспарентност.

Меѓу регионите, на првото место е Југоисточниот Регион со 84 проценти активна транспарентност, додека на последно место останува Скопскиот Регион со 56 отсто активна транспарентност.

Најмалку информации и министерствата и општините објавуваат за финансиите, само 56 проценти од можни 100 отсто кај општините и 82 проценти од можни 100 отсто кај министерствата.

Од Центарот за граѓански комуникации, информираат дека на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, општините во просек одговарале за 12 дена, што е подобрување во однос на минатата година кога тоа било за 17 дена. Кај министерствата овој рок е 16 дена и нема помрднување во однос на лани кога, исто така било за 16 дена. Во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена одговориле 93 проценти од институциите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.