Во индиската источна држава Орис се преврте брод со околу 150 патници, при тоа 22 се удавиле во езерото, а околу 10 се водат за исчезнати.
Полицијата, пожарникарите и спасувачките кипи извлекле десетина преживеани од водата, додека нуркачите се во потрага по исчезнатите за кои постојат мали шанси дека се преживеани, пренесува агенцијата АП.
Бродот пренесувал патници кои се враќале од излет на спротивната страна на вештачкото езеро Хиракуд долго 55 километри, кое било направено кога се градела браната Хиракуд Дам на реката Маханаду на 1.300 километри југоисточно од Њу Делхи.
Индиските власти ја истражуваат причината за несреќата но, се верува дека бродот се превртел поради пренатрупаност.