Најмалку 23 лица загинаа, меѓу кои две деца, во пожар во воз во јужниот дел на Индија, соопштија локалните власти.
Портпаролот на индиската железница изјави дека во возот се наоѓале 67 патници.
Пожарот во возот избувнал во јужната сојузна индиска држава Андхра Прадеш.
Пожарникарите и спасувачките екипи извадиле вкупно 23 тела. Поголем дел од жртвите загинале од задушување во вагоните, кои биле опфатени од густ чад.
Засега се уште не се познати причините за пожарот.

