Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индиските џет-сет магнати се распаднаа на земја

0
By Нова ТВ on September 24, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тие беа познати по нивниот џет-сет стил на живеење, а имињата на нивните компании беа испишани на авиони, формула болиди и на дресовите на крикет тимови.

Сега, задолжените империи на тројцата најпознати индиски магнати – Виџај Малија, Субрата Рој и Т. Венкатрам Реди – се распаѓаат пред нивните очи.


Фото: Малија, Рој, Реди

„Премногу често, банките беа заслепени од нивните лични богатства”, рече Вишвас Утаги, долгогодишен поборник за банкарска регулатива.

Некои од најуспешните индиски бизниси, како што се семејните конгломерати Тата и Релајанс, се водени од луѓе кои немаат апетит за појавување во јавноста и преферираат да работат во сенка.

Шефот на Кингфишер, Малија, и сопственикот на Сахара, Субрата Рој, иницираа создавање на нов вид на магнати кои немаат страв да ги разгласат своите успеси откако си изградија име на почетокот на 21 век.

Малија, самопрогласениот „Крал на добрите времиња“, прерасна во икона кога компанијата што ја наследи од својот татко, Јунајтед Бруерис Груп, ја претвори во една од најголемите светски произведувачи на алкохолни пијалаци.

Додека неговиот основен бизнис беше во подем, Малија го разграни опсегот со стартувањето на Кингфишер Ерлајнс, авиопревозник именуван по најпознатото пиво од неговата компанија.


Фото: Виџај Малија

Неговиот профил доживеа натамошен раст кога стана акционер во Форс Индија тимот од Формула еден, а исто така и со купувањето на крикет тимот Ројал Челинџерс Бангалор.
Како што индиската економија започна значително да опаѓа на преминот во новата декада, а авионската индустрија беше еден од најпогодените сектори, така и богатството на Малија започна да тоне.

Откако го изгуби трпението кон Малија, по неуспехот да ги исчисти долговите кои наводно изнесуваат преку 60 милиони долари, Обединетата банка на Индија овој месец го прогласи за ‘намерен прекршувач на правила’, со што е скоро невозможно да добие нови кредити.

Додека Малија се бори да го заштити својот имот од кредиторите, Рој се обидува да го продаде своето портфолио на луксузни хотели, меѓу кои и хотелите Плаза во Њу Јорк и Гросвенор во Лондон, со цел да собере 1.6 милијарди долари кои му се потребни за да ја обезбеди кауцијата за излез од затворот Тихар во Делхи.


Фото: Субрата Рој

И покрај тоа што има неколку медиуми, вклучувајќи ги и ТВ каналот и весникот Хинди, профилот на Рој се зголеми со неговото партнерство со Малија во Форс Индија тимот и со вклучувањето во крикетот.

Покрај спонзорството на националната репрезентација, Сахара основаше тим во градот Пуна и стана дел од атрактивната индиска премиер лига.

Исклучувањето на тимот од индиската лига на крајот на минатото првенство поради финансиски спорови покажа дека не е се така добро.

Нештата значително се влошија во март кога Рој беше притворен откако не успеа да ги исполни барањата на регулаторите за исплата на 3.2 милијарди долари на огромен број мали штедачи, пари кои беа собрани преку нелегална обврзничка шема.

Додека Рој поседува куќи кои се градени во ист стил како Белата куќа и Бакингемската палата, склоноста на Реди е кон луксузни автомобили и поседува колекција која наводно вклучува и Ролс Ројс Фантом.

Тој исто така не можеше да одолее на гламурот на индиската крикет лига и ја купи франшизата на Декан Чарџерс во 2012.

Ако богатството на Рој беше створено од него, Реди и неговиот брат Т. Винајак Рави Реди го наследија дневниот весник Декан Хроникал од нивниот татко.

Престижот на весникот од Хидерабад им овозможи да повлечат кредити за поризични вложувања, пред се синџир на продавници за книги и авионска компанија.

Тамал Бандуопадјај, автор на книгата за Сахара, вели дека слабата регулаторна рамка им овозможи на магнатите да создадат огромни долгови кои никогаш не требаа да бидат дозволени.

„Малија претставува случај на преголемо протегање и проширување, додека Рој е случај на искористување на регулаторната арбитража или на пропустите во регулативата”, вели Бандуопадјај за АФП.

Утаги, банкарски работник во пензија, кој е заменик претседател на Асоцијацијата на банкарски работници на Индија, вели дека постоеле премногу “попустливи луѓе” во индустријата кои не се соочуваат со големи последици доколку парите кои ги позајмиле не се исплатени.

Бандуопадјај вели дека амбициите на индиските магнати ретко биле одржувани во граници на можностите бидејќи биле “опкружени со користољубиви луѓе”.

„Во една таква состојба, беше тешко тие да останат во реалноста”, додава тој. – АФП, 21 септември 2014.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.