Published: Thursday, May 7, 2026 18:17
Слободан Трендафилов: Тие одбија да ја зголемат минималната плата и решија само да ја усогласат, а тоа усогласување значи дека работник на минималец, со инфлацијата за април, во април добил само 1,1% повеќе или добил нешто во рамките на статистичка грешка.
Ако имаме во предвид дека вредноста на Синдикалната минимална кошница од Јануари до април е зголемена за 3.304 денари, а минималната плата е усогласена за 1.667 денари, тогаш само за најосновните потреби на работник со минималец му недостасуваат 1.637 денари.
А имаше и такви што се бореа да не се зголеми минималната плата, а на таквите им успеа и не се зголеми и сега сигурно добро се чувствуваат !?
Извор Фејсбук



