Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницијативата за промена на начинот на носење одлуки во ЕУ се однесува и на проширувањето, вели словенечката претседателка

0
By Соња Крамарска on June 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешната прес конференција на двајцата претседатели. Фото: Фејсбук профил на претседателот на државата
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар денеска во Скопје изјави дека според нејзините сознанија иницијативата која ја покренаа седум земји-членки на Европската Унија, меѓу кои и Словенија за промена на начинот за носење одлуки за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се однесува и на процесот на проширување.

„Словенија е една од оние седум држави кои сакаат некои прашања да не се решаваат со консензус, туку со мнозинство. Колку што знам и колку што следам тоа се однесува и на процесот на проширување и тоа може да го олесни патот на која било држава која сака да влезе во ЕУ“, рече Пирц Мусар, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски.

Таа нагласи дека Словенија ги поддржува промените во ЕУ и додаде дека понекогаш да се бара консензус за одредени прашања од сите земји-членки е многу тешко и доаѓа до застој внатре во некои процеси во Унијата.

Според Пирц Мусар блокадите внатре во ЕУ се понекогаш последица на лоши одлуки, кои не ги движат работите во насоката, која таа ја посакува, особено во однос на решенијата кои се однесуваат на регионот на Западен Балкан.

„Словенија и во иднина ќе поддржува одлуките да не се усвојуваат со стопроцентен консензус“, додаде словенечката претседателка.

Министрите за надворешни работи на седум земји членки на ЕУ предлагаат поголема употреба на квалификуваното мнозинство при носењето одлуки поврзани со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата. Како што објави бриселскиот портал „Политико“, во иницијативата зад која стојат шефовите за дипломатиите на Белгија, Хаџа Лабиб, на Германија, Аналена Бербок, на Луксембург, Жан Аселборн, на Романија, Богдан Ауреску, на Словенија, Тања Фајон, на Холандија, Вопке Хекстра и на Шпанија, Хозе Мануел Албарес Буено, тие предлагаат прагматичен пристап кој се фокусира само на прашањата за надворешната и безбедносната политика на ЕУ и користи одредби веќе вградени во Договорот за Европската унија, со цел да се овозможи пофлексибилен начин на одлучување што би бил во интерес на сите.

„Сакаме да ги надминеме старите линии на поделба меѓу оние кои се за мнозинско одлучување и оние кои се против тоа. Ние не се залагаме за промена на договорите, ниту пак поттикнуваме академска дебата“, се наведува во предлогот.

Министрите предлагаат поголема употреба на принципот на „конструктивна воздржаност“, односно одлуките да не се носат со консензус, туку земја која не се согласува со одреден предлог да не гласа против со цел да се овозможи негово усвојување.

„Земјите членки веќе почнаа да ја користат оваа едноставна, но многу ефикасна опција, која дозволува донесување на одлука, со тоа што една земја нема да гласа ‘против’ и нема да ги блокира другите 26 членки да продолжат напред. Колку ефикасна може да бидат ‘конструктивната воздржаност’ видовме минатиот октомври, кога Советот за надворешни работи гласаше за новата мисија на ЕУ за обука на украинската војска. Сакаме да го надградиме овој тренд и се обврзуваме систематски да ги испитаме нашите сопствени позиции со цел да се префрлиме од гласање ‘против’ на „конструктивно воздржување“, се посочува во предлогот.

Седуммината шефови на дипломатиите предлагаат ваквото одлучување да се стави на „практичен тест“ за одлуки поврзани со одредени области од надворешната политика на ЕУ, за кои врз основа на член 31 од Договорот на Европската Унија, може да се решава со квалификувано мнозинство.

Дополнително, тие предлагаат ваквиот начинот на решавање да се користи за одлуки за кои не е потребно формално гласање, но сепак во пракса се применува консензусот.

Според предлагачите, потребна е ЕУ која дава цврсти и опипливи резултати, па затоа е потребно подобрување на нејзиниот капацитет за дејствување во време на криза.

С.К.

ЕУ Иницијатива квалификувано мнозинство консензус Наташа Пирц Мусар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.