Ивон Величковски: Евроинтеграциите се избор на нацијата и затоа Владата ќе се обидува да ги прекине, обидувајќи се и да се спротивстави на концептот на нацијата. Таа тоа впрочем веќе и го прави. По decoupling-от од Албанија, целта и е Северна Македонија да остане на „листа на чекање“ со Србија, но да не го „фати возот“ заедно со Албанија и Црна Гора. Притоа, да не влијае врз генералниот регионален контекст и да не влијае позитивно врз интеграциите и на Косово и на Босна и Херцеговина. Затоа може да претпоставиме дека инсистирањето на „црвени линии“ и барањето “гаранции“ како вештачки теми ќе траат се до првата посериозна економска нестабилност или економска слабост на Владата. Линк