Популарниот готвач Џејми Оливер кој рекламира здрав начин на живот, се најде на удар на критики заради својата месара.
Џејми Оливер е сопственик на месарата Барбакоса која снабдува најелитни ресторани во Британија и која мораше да биде затворена по проверка на санитарната инспекција.
Инспекторите имено, пронашле траги на глувчешки измет во месото во месарата и поради тоа ја затвориле.
Инспекторите пронашле и нечисти фрижидери и персонал. Оливер и се обрати на јавноста укажувајќи дека работат на подобрување на условите.