Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инспекторите бараат да се одземе дозволата на погон за горење гуми и пластика во Штип

0
By Нова ТВ on December 20, 2020 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор врз „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП на 17 декември, по преставка на Министерството за одбрана за да се утврди влијанието врз лицата што престојуваат во воените објекти: стрелиште Пенуш и полигон Криволак. Ова е нивна втора преставка. Првата била поднесена на 30 септемри, но никој не презел ништо, ниту информацијата била пренесена до новата вд директорка Ана Петровска, соопшти Инспекторатот.

Локацијата на објектот се наоѓа во атарот на градот Штип, во поранешна вoена база на КФОР, на оддалеченост од 8,5 километри од центарот на градот и 2 километри од селото Пенуш. На надзорот беше констатирано дека не се применуваат одредбите утврдени со Б интегрираната дозвола број УП I бр.18/17-136 во ниеден аспект од технолошкиот процес, видот на постројката или начинот на складирање на суровините и готовиот производ.

Со дозволата се предвидува отпадна гума и пластика да се горат во затворен процес со пиролиза на 450-550оС, при што доаѓа до хемиско раложување и добивање течна фракција – нафта и цврст остаток, а не се врши емисија во воздухот, поради применет систем за ладење (базен и ладилна кула). Била предвидена постројка што спаѓа во најдобри достапни техники, со систем за автоматска декомпресија, автоматско празнење на талог и безопасни и незагадувачки продукти.

„При надзорот беше утврдено дека инсталацијата не е целосно изведена, процесот не е затворен, а емисиите од согорувањето на гуми и пластика слободно се испуштаат во атмосферата. При такви процеси вообичаено се испуштаат канцерогени гасови (фурани и диоксини), кои делуваат на повеќе органи и предизвикуваат трајни последици.

На локацијата беше видливо дека складирањето на готовиот производ и суровините не се врши на соодветен начин. Течното гориво добиено од горење на гумите се чуваше во цистерни на пелети, наместо да се чува на водонепропусна подлога, што истовремено ќе обезбеди доволен волумен за собирање на потенцијално излеана течност. Пепел од согорувањето, што потенцијално содржи токсични материи, беше собран во џамбо вреќи и складиран на земја во локацијата.

Управителот на објектот информираше дека локацијата на која се врши складирањето на суровини и отпад е во процес на легализација. Поради сите утврдени пропусти, Државниот инспекторат за животна средина даде Предлог до општина Штип за одземање на Б интегрирана дозвола на погонот за горење гуми и пластика „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП“, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

ВЕСТИ October 4, 2025

Палестинското радикално движење Хамас синоќа соопшти дека ќе ги ослободи и предаде сите израелски заложници…

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

October 3, 2025

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.