Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје изминатите денови во три смени вршеле контроли и контролирале над 40 превозници. При контролите се утврдени неправилности при што се одземени 9 сообраќајни дозволи на диви превозници.
Градот Скопје продолжува со засилените инспекциски надзори за да овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел отстранување на дивите превозници во градот. При вршењето на контролите се санкционираат сите што не го почитуваат Законот за јавни патишта и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот, порачуваат од градскиот инспекторат.