Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Институциите си контрираат: Во свинскиот врат има листерија, супер-анализа нема

0
By Менче Атанасова Точи on August 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Продолжуваат препукувањата и различните толкувања како се препознава и испитува листеријата. Според Комисијата за заразни болести квантификацијата(броење на бактериите) не била од пресудно значење за докажување на листерија кога е докажан ист генотип и кај болните и во примерокот од производот. За стручањаците на Факултетот за ветеринарна медицина пак, броењето на бактериите е од пресудно значење.

Со ова надлежните потврдуваат дека во спорниот сецканиот свински врат на Екстра меин земен од маркет во Гевгелија има листерија.

На овој начин Комисијата за заразни болести го демантира тврдењето на Факултетот за ветеринарна медицина дека во производите на оваа компанија ја нема опасната бактерија, исто како што демантираат дека е направена супер-анализа во лабораторијата на овој Факултетот.

-Мала е улогата на квантификацијата кога има ист генетски профил. Супер-анализата не е завршена бидејќи примерокот што е испитуван на Факултетот за ветеринарна медицина не е земен од исто место, во исто време од спорниот свински врат , туку од свинскиот врат кој што е повлечен од продажба, изјави Звонко Миленковиќ, претседател на Комисијата за заразни болести на денешната прес конференција.

Миленковиќ потенцираше дека соодветниот примерок се чува запечатен во Центарот за јавно здравје во Велес и дека во моментот интензивно бараат релевантна лабораторија во странство каде што ќе го пратат примерокот на испитување.

На прашање на НОВА зошто се вршат инспекциски контроли во месната индустрија, кога се знае дека листерија може да се добие и од овошје и зеленчук, како и од друга храна, Миленковиќ со одговор:

-Тоа е ризична храна. Но, испитувања се правени и во други правци според изјавите на пациентите кои што кажуваат што јаделе. Она што е сигурно, е дека во еден производ е најдена листерија, рече Миленковиќ, алудирајќи на спорниот свински врат на Екстра меин.

Миленковиќ соопшти дека е формирана работна група во Комисијата која секојдневно ќе ја следи состојбата со листеријата.

Од оваа опасна бактерија за нешто повеќе од еден месец починаа четири лица, меѓу нив и едно новороденче, а шест заболеа. Изворот на заразата се уште се бара бидејќи од спорниот свински врат, како што посочија во изминатите денови, јаделе само двајца од заразените.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.