Генералниот Секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, изјавил дека Ромите придонеле многу за европската култура. Тој како пример ги наведе композиторите Лист, Брамс и Верди кои биле под влијание на ромската музика и фламенкото е инспириран од ромскиот танц. Јагланд додаде дека популарни изведувачи, вклучувајќи ги и Чарли Чаплин и Јул Бринер , тврдат дека се од Ромско потекло.
„Сепак, тажната реалност е дека повеќето од десет милиони Роми во Европа се уште живеат во сегрегација и тешка сиромаштија. И покрај европските програми да им се помогне на Ромите да се интегрираат во општеството, напредокот е бавен. Ромите се соочуваат со дискриминација во медиумите, во политиката и во работни места“, изјави Јахланд.
Тој нагласи дека Ромите се уште живеат во гета, и нивните деца посетуваат сегрегирани училишта. Општинските услуги за домување, образование и здравствена заштита, често не го искористуваат. Отпорноста и предрасудите против Ромите од делови на населението се дел од тешкотиите со кои се соочуваат Ромите. Градоначалниците и локалните совети во градовите како Дисбург, Германија и Стразбург, Франција, заслужуваат пофалба затоа што напорно работат да најдат соодветни решенија.
Меѓународни организации, Советот на Европа , Европската комисија и Фондацијата Отворено општество се согласуваат дека главната помош сега мора да биде на локално ниво. Ова е исто така еден од главните заклучоци на Третиот самит на ЕУ Ромите во Брисел на 4 април.