Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интерпелација на Тошковски: Не бегам, не молчам, не се кријам

0
By Marija Todorovska on April 29, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Собранието почна расправата по интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“ поради тоа што, според оваа партија, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.

Интерпелацијата ја образложи пратеникот од редовите на „Левица“, Сашко Јанчев кој кажа дека интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.

 Министерот Панче Тошковски, кој е на позицијата министер повеќе од една година наназад, од јануари 2024 година во т.н. „техничка Влада”, а подоцна по Парламентарните избори 2024 – и реизбран во новоизбраната политичка Влада составена од кадри на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ до денес, наместо да гради мост на доверба помеѓу граѓанскиот сектор и полицијата и да воспостави механизми за доследно почитување на законите, го следат низа несовесни, непрофесионални, а згора на тоа и противзаконски дејствувања, скандали и кадровски промашувања. За неговиот морален хабитус доволно говори и фактот што тој досега не се ни осмели да понуди оставка од морални причини, нешто што го сторувале повеќе македонски министри пред него, во ситуации на вакви хаварии и колективни несреќи! …Се на се министерот Тошковски покажа дека е лично одговорен за пропусти кои не смеат да се дозволат од страна на МВР, рече Јанчев и ги повика пратениците да ја поддржат интерпелацијата.

Интерпелацијата, како што посочи, е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првиот основ е немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изричито законска обврска на МВР. Вториот основ се однесува на нелегалната употреба на пиротехнички средства, потоа на неукажувањето помош од страна на полициските службеници, непроцесуирани закани против неистомисленици на власта, што е спротивно на законот за полиција, и петиот основ се однесува на забрана за употреба на дронови – што според него, од МВР беше злоупотребено за да се повреди чл 16 право на протест.

Останатите пет се однесуваат на уапсени граѓани во гостиварско кои чистеле црква, на непостапувањето при палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, кражбата на марихуѕана која ја чувала полицијата, за случајот со апсењето и притоворањето на телохранителот на премиерот поради одавање службени тајни, и на катастрофалната кадровска политика во Министерството исполнета со ннепотизам и кронизам.

Во своето излагање, министерот Тошковски рече дека не се плаши од одговорност и оти останува на функцијата за да се соочи со вистината и да ги разјасни сите дилеми.

 Пред вас не стојам како министер, туку како човек кој ја разбира тежината и одговорноста што ја носи функцијата. Ќе зборувам како личност што носи одлуки, но и како татко, и како министер, и родител. Дозволете ми да кажам дека жалам за секој изгубен живот, рече Тошковски, додавајќи дека секоја дилема заслужува одговор базиран на факти, а не на политички конструкции.

Министерот се осврна на сите точки од интерпелацијата, вклучително и трагичниот настан во дискотеката во Кочани, нагласувајќи дека во овој случај МВР нема направено пропуст. Тој потенцира дека лиценцата за дискотеката „Пулс“ била фалсификувана, а во однос на пиротехничките средства, нагласи дека МВР работи согласно закон.

 Во случајот со дискотеката во Кочани, такво барање за употреба на пиротехнички средства никогаш не било поднесено. МВР постапуваше во согласност со Законот, и нема законска основа да се тврди дека постои пропуст. Одговорноста е кај оние што дозволиле внес и употреба спротивно на закон, потенцира тој.

Тошковски посочи дека институциите преземаат мерки за сите отворени случаи, меѓу кои и кражбата на марихуана во Карбинци, злоупотребата на службени документи кај припадник на полицијата, и протестите поврзани со случајот со црквата во Галате. Тој ги отфрли тврдењата за етнички предзнак и обвини одредени структури во ДУИ и СДСМ за обид за дестабилизација.

Сѐ што видовме е лажно етикетирање. Треба да нѐ води обврската да ја кажеме вистината и да ја браниме правдата. Не бегам, не молчам, не се кријам. Останувам овде со целата тежина на обврската што ја носам. Секој ден од оваа институција ќе биде заложба вашата болка да не остане само нем сведок на незаборавот. Промените се тука, одговорноста се чувствува, правдата е реалност, рече Тошковски пред крајот на своето обраќање.

Министерот ги отфрли сите обвинувања и нагласи дека МВР работи професионално, без селекција и под целосна координација со Јавното обвинителство.

Против министерот за внатрешни работи беше поднесена интерпелација и во јануари заедно со уште четири интерпелации на владини министри. Тогаш интерпелациите ги поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ.

интерпелација Тошковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.