Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со музикологот и писателка Тина Иванова за нејзиниот поттик за пишување: Секој збор остава некаква трага

0
By Zoran Ivanov on February 19, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 19, 2026 11:27

Во рамките на програмата „Денови на литературата“ во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ на 7 февруари се одржа промоцијата на сликовницата „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова, како прва објавена книга од едицијата „Музичка кутија“ на „Арс Ламина – публикации“.

Тони Димков
Како новинарка, Тина Иванова е добитничка на највисоката државна награда за новинарство „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ за книгата „Документ 103“, како продуцентка и поранешна директорка во Македонската филхармонија иницираше повеќе уникатни музички проекти и концерти, како музиколог има објавено стручни книги, а како писателка досега има објавено новела, роман и збирка раскази. Тоа што е очигледно во сите овие креации е постојаното преплетување на зборот и музиката.

Во тој правец се движи и создавањето на сликовницата „Златната книга на Лудви“, која е инспирирана од животот и творештвото на Лудвиг ван Бетовен, и е првата од петте книги за деца во серијалот „Музичка кутија“, во кој ќе бидат застапени и сликовници инспирирани од Моцарт, Бах, Верди и Чајковски. Овие книги не го обработуваат животот на композиторите, туку претставуваат нови бајки за деца, смислени од авторката Тина Иванова.

Едицијата „Музичка кутија“ на „Арс Ламина“ е твојот нов книжевен предизвик. Минатиот викенд беше промовирана сликовницата „Златната книга на Лудви“. Што претходеше и што ќе следува во рамките на оваа едиција?

– Токму така, предизвик, ама многу возбудлив и нималку лесен. Најтешко е да се пишува за деца, ама и најинспиративно. Промоцијата на првата испечатена од вкупно петте книги – „Златната книга на Лудви“ – се одржа на 7 февруари во книжарницата на „Литература“ во „Дајмонд мол“ пред полн аудиториум, што ме направи навистина среќна.

Најпрвин, тоа беше разговор, мошне креативен, со уредничката на изданијата Бисера Бендевска, а потоа одржавме и мини претстава заедно со диригентката Дијана Имери Илкоска, која изведе дел од композициите на Бетовен на пијано, а играше и еден од ликовите од приказната.

Бидејќи приказните ги напишав пред две години, пред да бидат испечатени, лани се реализираа неколку претстави за деца по нивно сценарио, и тоа беше убава претходница на ова што денес се случува, а тоа се веќе готови книги со прекрасни, автентични илустрации, дело на Рената Јосифовска. Сите пет книги се со еден наслов „Музичка кутија“, а секоја од нив носи посебен наслов.

Промоција на „Златната книга на Лудви“ – Тина Иванова и Бисера Бендевска

Зошто одлучи ликовите на славните композитори да ги претставиш преку сликовници?

– Мојата професија е музиколог, а веќе една деценија работам и во продукција во Македонската филхармонија. Класичната музика секогаш била моја „придружничка“, моја професија, но и пасија, а последниве години и неизоставен сегмент од секојдневната работа.

Пишувањето, пак, проза и поезија, стручна литература, е моја втора (или прва) љубов, а овој пат двете нешта се соединија во едно. Притоа, не сум сретнала автентични приказни кои се само инспирација од славните композитори, бидејќи овде не станува збор за биографски текстови. Ова е само моја лична перцепција за тоа како едно мало дете би можело да ги доживее Бетовен, Бах, Моцарт…, слушајќи ја нивната музика, кога тие би биле деца, со нивните игри и фантазии.

Со каква инспирација се пишувани приказните?

– Инспирација за да пишувате за деца, мора да доаѓа од деца. Или, како што е во мојот случај, се навраќате далеку во минатото, кога вие сте биле дете, и почнувате повторно светот да го гледате со тие очи и да размислувате со тие мали, но полни со имагинација мозочиња, или да се дружите постојано со најмладите и да се обидете да навлезете во нивниот свет.

Книгите ги пишував минатото лето кога во Охрид останав сама, по долго време сама на одмор, бидејќи моите деца пораснаа, па не сум им интересна за дружба. Тогаш повторно се роди мојата стара желба кај мене да се посветам на децата и на ваков начин. Носталгично трагав по миговите кога им читав книги и им измислував приказни пред заспивање. Носталгијата во овој случај не беше некоја жалопојка или меланхолија, туку силен порив за креација.

И секако, од звучниците постојано ечеше класика. Охрид навечер, музика на Моцарт, Чајковски, Шопен или Рахмањинов, ме гали пријатно време со благ ветрец, јас на мојата тераса со кафе на масата и лаптоп. Идеите, мислите, зборовите течеа како водата во Свети Наум, местото каде што езерото истекува (хахаха). Не се шегувам, книгите ги напишав за една седмица.

Што музиката значи не само за децата, туку и за животот на луѓето, воопшто?

– Ниче рекол: „Животот без музика би бил грешка“. Така мислам и јас. Музиката, како единствена апстрактна уметност, која не можеме да ја допреме и да ја видиме, уметност која тече низ времето заедно со течението на нашите животи, е наш паралелен свет. Наша муза, идеја-водилка за сѐ друго што правиме, наша убава сенка. Таа има посебен јазик, посебна азбука, посебни фреквенции од оние што ги слушаме од останатите „звучни“ елементи кои не опкружуваат, но сите ја разбираме.

За децата е неопходно да растат со музика, па и науката одамна тоа го докажа, дека има огромно позитивно влијание врз нивниот психо-физички развој, моториката, фантазијата, со тоа и креацијата… Музиката, иако е „невидлива“, таа и тоа како умее да не соочи со реалноста, да не удри силно, а во исто време да ни даде сила и енергија за било каков предизвик, ама и да не однесе отаде нештата, во некој паралелен универзум кој на сите одвреме-навреме ни е потребен, од многу причини.

Концертите, пак, живата изведба, тоа е посебна приказна, посебна магија каде се случува неповторлив флуид на енергии. Треба животот да го гледаме како магија, а токму неа ни ја дава музиката. Во спротивно, сите ќе имавме мртов дух. Музиката е храна на љубовта, треба да ја свириме, како што кажал Шекспир.

Како музиколог, музиката опфаќа значаен дел од твојот живот. Како поранешна новинарка и зборот е значаен во твојот израз. Правиш ли некаков баланс помеѓу овие две области?

– И двете ми се љубови, и двете ги користам секојдневно на разно-разни начини (маста им ја вадам, хахаха). И приватно и професионално. Музиката е збор, зборот е музика. Како што може музиката да биде моќна, грандиозна, да ве оддели од тлото, така и зборот ја поседува најсилната моќ. Може да ве убие, буквално. Очигледно, во сѐ што правам, ги спојувам овие две нешта.

Приказните за деца сега се инспирирани од музика. Пишував стручна литература за музика. А во моите романи, музиката и тоа како е присутна, и како дел од нарацијата, и како неизоставен двигател за пишување.

Почитуваниот поет Игор Исаковски, откако го прочита мојот прв роман „Кругови“, рече: „Па, ти имаш многу музика, се изнаслушав додека читав, хахаа“. Не можам да ги разделам двете нешта, тоа сум јас – музичка писателка (хахаха).

Често се појавуваш како авторка на текст на музички перформанси (концерти), како што е „Дон Кихот во Скопје“ на Дијана Имери Илкоска и Дино Имери, а соработуваш и со Дуња Иванова, Ана Пандевска… Каков предизвик се овие соработки?

– Па, ете, и тоа се двете нешта во едно. Концертните изведби, читање на поезија со музика, нарација за музички дела, се сосема поинаков предизвик. На сцена си, за разлика од другите работи што ги правам кога сум постојано зад сцената. Имав неколку такви претставувања, со пијанистот Дино Имери настапивме на „Струшки вечери на поезијата“ (гостин ни беше еден италијански поет) и тоа беше многу интересна конекција. Со пијанистката Дуња Иванова сме имале неколку убави настапи, претежно биле фокусирани на Скопје, на духот на градот, но најдрага ми е изведбата на „Ние сме од Скопје“ на мојот прерано починат пријател Мирко Попов, за која композиторката Ана Пандевска направи нов аранжман за пијано.

Овие форми на изразување се поинакви, затоа што се работи за програмска музика и текстот треба да ја следи тонската лирика. Особено сум горда на текстот за прекрасното музичко дело „Дон Кихот во Скопје“, чии автори се Дино и Дијана Имери, затоа што е сосема нова форма на изразување во сферата на македонската (па и пошироко, кога се работи за темата Дон Кихот) современа музика. Овде имате рамка во чија внатрешност треба да се движите, а сепак сте слободни во креативноста, што е навистина возбудливо.

Тина Иванова е авторка на текстот и нараторка во музичкиот проект „Дон Кихот во Скопје“ / Тина Иванова со Дијана и Дино Имери

Во својот книжевен опус имаш новела, роман, збирка раскази. Што лежи во основата на твојот поттик за пишување?

– Дајте му на човек да каже, да се изрази. Да го исфрли од себе неискажаното. Тоа е основата на мојот поттик за пишување. Да го кажам она што стои во мене како идеја, како креација, но пред сѐ, како став за љубовта, за политиката, за религијата, за жената, за мажот, за децата, за општествено-социјалните контексти, но низ форма на проза и поезија.

Кај мене ретко е тоа завиткано во убава украсна фолија. Повеќе е директен крик. Без влакна на јазикот, без страв од осуда, од предрасуди, од соголување на интимноста. Морам да зборувам. Едноставно, силно чувствувам дека треба да излезе од мене нешто што го мислам, да го пренесам на другите, па можеби ќе се поистоветат. Често знаат да ме прашаат дали ми е страв од тоа дека го пишувам она што другите немаат храброст да го кажат. Па, токму тоа е идејата. Некој мора, хахаха.

Твоите дела имаат особен, личен стил на пишување со длабоко интимен израз. Какви траги сакаш да оставиш со книгите за времето и светот во кој живееме?

– Секој збор остава некаква трага. Не размислувам што ќе оставам зад себе и како тоа понатаму ќе се развива и дали ќе изврши некакво влијание или ќе остави трага во некоја блиска или далечна иднина. Размислувам за денеска. За деновиве што нашите генерации ги живеат сега и овде. Затоа се моите писанија болно интимни. Додека сме живи, да го искусиме директно и убавото и трагичното, и комичното и грдото. А, во нив, бидејќи е присутно и местото и времето на создавање, можеби ќе сведочи за некои состојби, историско-географски, политички, претежно локални, но би сакала да се гледа на моите книги, и на романите и на книгата раскази, како на чиста литературна фантазмагорија.

Како писателка Тина Иванова досега има објавено новела, роман и збирка раскази

Како тематски мотив во твоите дела често се појавува Скопје. Какво чувство носиш и какво влијание врз тебе има родниот град?

– Па, Скопје е мојот град. Ние сме од Скопје. Му го знам мирисот и вкусот. Го знам кога е смирен и кога е вознемирен. Како човек е. Град кој неизмерно го сакам и го мразам во исто време, ама го мразам заради нас, луѓето што го испоганивме.

Секако дека ми има извршено неизмерно големо влијание и сѐ уште, постојано ми е инспирација за творење. Скопје има звуци какви што не постојат во другите градови. Има посебен џагор, посебна градска „музика“, мирис на липи и печени пиперки, на парфеми од скопските „шмизли“, поседува енергии од љубови разни, и многу ѓубре. Се чудам како луѓето не го сакаат градот во кој се родиле и израснале, и кој им дал сѐ? Тажно. Но овие зборови не се резигнација. Јас ќе се борам за Скопје додека постојам. Кој колку сака нека го гнаси и плука, јас ќе чистам. И физички и ментално и духовно.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

(Интервјуто е објавено во „Културен печат“ број 320, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 14-15.2.2026)

 

интервју Тина Иванова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.