НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Интервју) Артан Груби за НоваТВ: Сите достигнувања го носат предзнакот на ДУИ

0
By Mirjana on June 4, 2022 ИНТЕРВЈУ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: МКД.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демократската унија за интеграција (ДУИ) утре, на 5 јуни полни 20 години од основањето. Партијата речиси исто толку години е на власт а со тоа учествува во сите важни процеси на државата. За партискиот дведецениски јубилеј разговаравме со организацискиот секретар на партијата и член на Генералниот совет и на претседателството Артан Груби, кој во Владата е прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците. Во интервјуто за Нова, Груби вели дека клучот за успехот на партијата е во тоа што партијата сите овие години останала доследна на основачките принципи и заложби и затоа меѓу ДУИ од пред 20 години и ДУИ сега нема никаква разлика. Горд е што сите битни проекти за државата и платформи од 2002 година наваму го носат, вели, предзнакот на неговата партија. Груби одговори и за подмладувањето на партијата и за нападите од опонентите за роденденската прослава. За што уште разговаравме, проследете го интервјуто што следува. 

НОВА: Годинава ДУИ одбележува две децении на политичката сцена. Кога би требало да направите споредба на ДУИ од почетоците и ДУИ сега, како би изгледала таа? 

– Да, на 5 јуни ДУИ одбележуваа 20 години постоење. Доколку правиме споредба на ДУИ тогаш и ДУИ сега, би истакнале дека нема некоја крупна или голема разлика. Имено, сакаме да истакнеме дека ДУИ се потпира на принципите на која е формирана и истите ги почитува. Показател за ова што го говориме се победите на сите изборни циклуси до сега, показател е и спроведувањето на Охридскиот договор, интеграцијата во НАТО и ЕУ, целосно спроведување на програмите ветени пред граѓаните, итн. Од оваа перспектива, можеме да ветиме дека и во иднина ќе ги почитуваме принципите и ќе работиме во интерес на граѓаните. Во изминатиов период, слободно можеме да кажеме дека сите досегашни достигнувања, проектите и платформите во земјава го носат предзнакот на ДУИ, но и поголемите права за сите се причините поради кои ДУИ ја добива довербата од граѓаните.

НОВА: Најголем дел од политичкото битисување партијата го помина на власт. Кој е клучот за таквиот успех, супериорноста, инвентивноста, или е во прашање нешто друго? 

– Како што погоре истакнав на одговор на Вашето прашање, тоа што го ветуваме пред граѓаните и го остваруваме. Како пример за ова сакаме да го истакнеме остварениот резултат на последните локални избори, односно избори на кои ДУИ е апсолутен победник во сите општини со албанско мнозинство. На вториот дел на Вашето прашање, дали тоа е иновативност или креација во програмите, ќе одговориме потврдно, односно и иновативноста, креацијата на програмите но и нивното исполнување е клучот за успехот.

НОВА: Што се случи со „Зелената агенда“ на ДУИ, промовирана минатата година, некако како да избледе ?

– Зелената агенда што ДУИ ја промовираше е од исклучителна важност за целото општество. Ние како политички чинител ќе останеме посветени на ова ветување бидејќи сметаме дека тоа е едно од главните барања на граѓаните. Зелената агенда значи квалитетен живот, чист воздух, чиста околина, модерни патишта. железници, гасификација, подобри училишта, градинки, итн. Нашите почетоци се со нашите напори за еднаквост и правда преку имплементација на Охридскиот Договор, па потоа за внатрешна, регионална и евро-атлантска интеграција, па се до денес кога започнуваме со Зелената развојна агенда затоа што првите две цели веќе ги заокруживме. Зелената агенда треба да биде поттик и стремеж и на сите други политички партии кои што барат доверба од граѓаните. Како потсетување за ова што го говориме е одлуката за прогласување на Шар Планина за национален парк. Од оваа перспектива ќе ветиме дека прогласувањето на Шар Планина за национален парк е само еден од низата проекти кои се во нашата агенда.

НОВА: Сите овие години постоење, ДУИ остана доследна на партискиот кормилар Али Ахмети. Што е со процесот на подмладување ? Нема за Ахмети достојна замена, или баш Ахмети е политичкиот гуру кој успешноста од изминатите две децении може да ја повтори и во годините што следуваат?

– ДУИ е политичка партија која придава особена важност на својот политички подмладок. Оттука сакаме да нагласиме дека постојано работиме на развој, обука и подготовка на млади кадри кои треба во иднина да продолжаат да работат со уште поголема посветеност, одговорност и чесност, а во насока на подобар животен стандард и подобри услови за живот на сите. Во контекст на ова, сакам да додадам дека ДУИ е во постојано реформирање. Како податок за оваа наша постапка која е во контунитет се и новите претседатели на ограноци, односно 98 проценти нови претседатели на ограноци, од кои 49 проценти се жени. Дополнително на ова, а многу е важно да се истакне дека предвидовме во нашата партиска структура да има и секретар за еднакви можности.

НОВА: Груби, како партија организиравте помпезна прослава со многу естрадни ѕвезди. Опонентите како Беса и Алијанса за Албанците ве повикуват да се откажете од прославата поради пожарот и невремето што ја зафати тетовската општина, со наводи дека тоа ќе била лажна прослава затоа што по 20 години владеење сте ја убиле надежта кај луѓето?  

– Демократската Унија за интеграција не прославува туку одбележуваа 20 години постоење. Имено ова одбележување на 20 годишнината не предвидува само музички хепенинг. Односно, тоа е само еден мал сегмент од низата активности предвидени за овој настан. Преку одржување на панели, форуми на кои ќе се зборува за досегашните достигнувања но и за предизвиците кои не очекуваат, потоа активностите на нашиот помладок во смисла на спортски активности, дружење и размена на идеи и своите врсници, понатаму предвиден е прием на лидерот на партијата за сите политички чинители, дипломатскиот кор и преставници на меѓународните организации. Исто така, важно е да се напомене дека сите политички партии добиваат средства од буџетот, и за истите треба да покажаат начин и транспарентност како ги потрошиле средствата. Само за потсетување и тие што обвинуваат добиваа пари од буџетот. Но, за разлика од нас, не даваат отчет каде се потрошени овие средства, тука знаат само неосновано да шпекулираат.

Мирјана Трпческа

20 години ДУИ Интервју АРТАН ГРУБИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.