Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со екс координаторот на Владата Марјан Забрчанец

0
By Marija Todorovska on June 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Гледам идни ризици по европскиот пат на државата“

Коментирајќи ја изборната кампања и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Слободен Печат, екс националниот координатор во Владата, Марјан Забрчанец, истакна дека играњето на база на негативни комуникации и конфликт буди чувства кај публиките, дека тоа е некогаш храна за народот, односно оној дел кој е десно ориентиран, но тоа е неодговорно однесување кон државата.

Запрашан за тоа што очекува од работата на новата Влада, Забрчанец истакна дека тој гледа ризици во неколку клучни сегменти.

„Јас гледам ризици, ризици по европскиот пат на државата, гледам ризици по однос на слободите и правата и демократизацијата на државата и гледам ризици по однос на можни нови поделби и по етнички и по други линии. Тоа се политики што се својствени за партијата што е главна во новата власт и оттука, граѓанството треба да е будно кога се работи за тие прашања“ заклучи Забрчанец.

„Во Македонија ќе има инвестиции бидејќи сме држава членка на НАТО со
надмината енергетска криза зад себе“

Она прифаќање на Северна Македонија во извесен дел од страна на новата Влада и на новиот премиер, може да дава надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа големите чекори што претходната влада ги донела, порача Марјан Забрчанец, досегашен национален координатор во Владата во интервју за слободен печат.

Според него, благодарение на тие чекори на претходната Влада денес во Македонија има сериозни странски инвестиции а државата е стабилна и безбедна.

„Ние плодовите од Преспа веќе ги уживаме, ние сме членка на НАТО, ние започнавме преговарачки процес и успешно завршивме скриниг процес, како нулта или прва фаза од преговарачкиот процес. Тоа немаше да биде можно доколку не се потпишеше Договорот од Преспа. Инвестиции ќе доаѓаат бидејќи станавме членка на НАТО, бидејќи зад нас имаме разрешена енергетска криза. Бидете сигурни дека инвестиции во Македонија че има особено поради тоа што сме стабилна безбедна држава членка на НАТО“ посочи Забрчанец.

„До локалните избори не очекувам големи промени кај опозицијата, треба да се работи на создавање сојуз на демократските и прогресивните сили“

Мислам дека времето до локалните избори е прекратко за големи промени, за радикални реструктурирања и заздравувања и во СДСМ и генерално во демократскиот блок, оцени досегашниот национален координатор во Владата, Марјан Забрчанец во интервју за Слободен Печат.

„Погледот треба да биде за две до три години од денес. Се разбира дека сериозна пресвртна точка можат да бидат локалните избори, но меѓутоа јавноста не треба да очекува големи радикални промени до локални избори. До локални избори има нешто повеќе од една година, а СДСМ допрва треба да избере свое ново раководство“ посочи тој.

Забрчанец смета дека кој и да биде иден лидер на СДСМ, тој треба да работи на создавање сојуз на демократските и прогресивните сили во државата.

„За тоа е потребно е време, тоа време до локалните избори не е доволно и кој и да биде избран за лидер таму, ќе има тешка задача и ќе мора да покаже отвореност, како што претходно било покажувано со цел да стигнеме до моментот на почеток на едно ново обединување“ заклучи Забрчанец.

„ЗНАМ е приврзок на ДПМНЕ, со тоа СДСМ се ослободува од голем товар“

Запрашан за став за партијата ЗНАМ, Марјан Забрчанец во интервју за Слободен Печат истакна дека формирањето и дејствувањето на тој блок може да се гледа и како ослободување на СДСМ од одреден товар.

„Погледнете што се случува, ви излегува ЗНАМ, се откинува од партијата и оди на спротивната страна, односно е сојузник со она што е сосема обратно од она што е социјалдемократска идеологија. Мене ако ме прашате тоа расцепкување можеби во овој момент и му одговара на СДСМ, можеби е добро тоа што ЗНАМ е сојузник со ВМРО-ДПМНЕ и е приврзок на ВМРО-ДПМНЕ во власт каде ВМРО-ДПМНЕ и без тоа има мнозинство, мислам дека СДСМ е ослободување од еден товар, товат што се коси со се што е социјалдемократска база“ посочи тој.

Ако постојат уште такви товари, додава Забрчанец, можеби е подобро СДСМ поскоро да се ослободи од тие товари за поскоро да почне да биде носител на еден нов процес на обединување на се што е демократско

интервју Марјан Забрчанец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.