НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Катерина Колозова: Кризата ќе доведе или до непоправливи штети, или до длабоки промени

0
By Биљана Секуловска on April 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Серијал- интервјуа на НОВА со водечките македонски интелектуалци за тоа каков свет, но и каква држава не очекува по кризата со Корона вирусот: Катерина Колозова, професор по политичка филозофија на Департментот за критички политички студии на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград

Секуловска: Светската научна мисла е согласна во едно- дека промените во светот се неминовни, по кризата со Корона вирусот. Акцентот е на сериозно ужасните прогнози за економски колапс, дури и на економски најмоќните и најздравите држави, доколку продолжи оваа здравствена и финансиска агонија.

Овој економски дебакл кој се очекува ќе повлече во вид на домино ефект и многу други тешки последици- социјални прегрупирања, зголемување на јазот- класниот пред се, загрижувачки психолошки ефекти како резултат на изолацијата, но  процесите на финансиско стрмоглавување.

Кои се вашите предикции за економските и социјалните промени?

Колозова: На 25 март 2020, учествував на глобална онлајн конференција на темата, во која учествуваа околу 40 професори, научници, интелектуалци од повеќе области, организираната од страна на New Centre for Research and Practice of Seattle. Центарот е познат по својата алтернативна академска настава и меѓународни настани, и има лансирано многу нови правци на мисла актуелни во последнава деценија: левиот акцелерационизам, ксенофеминизам, но и многу други нови споеви на филозофијата, општествените науки, уметностите и науката.

На една таква мултидисциплинарна платформа, успеавме да размениме сознанија, во форма на подготвени излагања но и лични искуства за пандемијата како феномен кој треба да се промисли од социо-економски, политички, идеолошки, филозофски аспект но секако и епидемиолошки (меѓу учесниците беше и една од ледерките не епидемиолошкиот тим во Бостон).

Можам да кажам дека консензусот на сите учесници беше дека контролата врз пандемијата можеме да очекуваме дека ќе почне да се воспоставува дури по 18 месеци до 2 години, но дека во меѓувреме економијата, политиките вредности и вредносните системи на кои се потпира современата човечка егзистенција ќе претрпат

1) длабоки и непоправливи штети (со други зборови, светот веќе никогаш нема да биде она што го познававме до пред само неколку месеци),

2) длабоки промени, а од интелигенцијата, активното граѓанство и императивите на климатските промени зависи какви ќе бидат тие промени.

Со други зборови, од ваква длабока криза може да се изроди или т.н. капитализам на катастрофата (disaster capitalism) или суштински промени кон поправеден свет за човештвото, природата и целиот животински свет. Според повеќето од нас, тој „поправеден“ свет би бил социјалистички, иако не според моделите на тоталитарниот социјализам од 20-тиот век.

Она што би го издвоила како анализа која се однесува на можноста на одржувањето на статус кво уредувањата, еконимиите, политичките поредоци, е излагањето на германскиот социолог Давор Лоефлер кој предвидува дека со доминантниот тип на менаџмент на кризата, со карантини, паузи во економската продукција, на долги патеки може да издржат посилните економии, како германската, но максимумот на оваа „долгорочна стратегија“ е пет години.

Економиите на земјите во развој би се распаднале за 1 до 2 години.

Меѓународниот монетарен фонд не охрабрува дека може да одржува некаква контролирана рецесија, минимален пат на БДП во Македонија до Нова Година, но треба да се има на ум дека економијата е секогаш политичка економија и освен цифрите, и други реални фактори играат улога во потенцијалната катастрофа која лебди над сите нас (безработица, живеење кое е сведено на затворска егзистенција, недостиг на физичка активност, семејно насилство во затворените домови, експлозија на масовно незадоволство, за кои не е јасно дали владите и ММФ ги имаат во своите равенки).

Секуловска: Историски гледано, никогаш не е анулирана политичката и економска жед за моќ, доминација и алчност- супремација на моќните над послабите и покревките- во кој правец сега ќе се движат овие тенденции, кој сега ќе ја добие, ќе ја извојува моќта?

Колозова: Во време на вонредна состојба и суспендирана парламентарна власт – state of exception – која се воведува поради најдраматични општествени и природни стихии, станува очигледно каков вредносен систем доминира на ниво на култура (цивилизација), политичка култура („менталитетот“ на политичките елити), и, со тоа, каков тип на идеологии доминираат во државата.

Фактот дека Македонија во вонредна состојба е најслична на Србија и владеењето на Вучиќ, илибералот на Балканот кој е најлесно споредлив со Груевски, зборува за тоа дека надминувањето на „заробената држава“ е само површина, фасада, додека филозофијата на владењето не е сменета суштински.

Само да потсетам, „заробена држава“ не се однесува на корумпирана држава (за тоа постои поимот „корупција“), туку во контекст на постсоцијалистичките општества таа најчесто се однесува на изедначувањето на партијата и власта, популизам, и најважно од сѐ потчинување на општеството, индивидуалниот граѓанин и критичката мисла преку „надзор и казна.“

Она што го карактеризираше режимот на Груевски, што може да се примени на Вучиќ, и што е многу слично на моделот на Виктор Орбан, е правдањето на секоја тоталитарна мерка со технократски аргументи: повикување на наука, графикони, анализи, ЕУ уредби, секогаш покриено со закони донесени по волја на власта, секогаш на површина според „ЕУ стандардите“ но во својата суштина полно закана и казна.

Да ве потсетам, во анализата на „заробена држава“ на ЕУ прогрес извештајот доминираше претераната регулација со драконското казнување, и злоупотребата на институциите како УЈП и други инстанци, а сето тоа „согласно уставот и законите,“ како главна алатка на заробувањето. Дијагнозата на Прибе од 2017 се сведуваше на следнава куса дефиниција: „Заробената држава во македонскиот случај се сведува на прекумерната моќ на извршната власт (наспроти останатите две).“

Во оваа вонредна состојба станува очигледно дали извршната власт има тенденција да ја злоупотреби својата исклучивост и да ги потпкопа сопствените наводни темели на либерална демократија или не. Полициските часови кои се донесуваат според логиката „човековите права се луксуз“ во оваа состојба се симптом на заробувачките тенденции од кои нашите елити не се ослободиле. Тие покажуваат две работи: 1) тенденција кон тоталитарност, 2) неефикасност.

Зошто „неефикасност“? Доколку го погледнете францускиот модел на 24/7 карантин, кој овозможува долга листа исклучоци кои се пријавуваат на апликација преземена од нивното МВР (со соодветен код за следење), човековите права и слободи се испочитувани со тоа што крајно  ограничената можност од движење ја спроведувате во времето кое вие ќе го одберете, кое ви е вам потребно. Со ваква лизгава можност да искористите максимум 2 часа за рекреација, за одење во набавки на што се додаваат часовите потребни за грижа за немоќмни и деца или одење на работа, населенето во Париз е, во вкупен број на часови, многу помалку надвор одошто внатре.

Сепак, човековото достоинство е испочитувано: луѓето не се сегрегирани според возраст, не се напикани во тесни временски рамки, и оставено им е сами да одлучат кога ќе ги искористат тие свои два часа на еден километар од живеалиштето, и за што: џогирање, шетање дете, шетање куче, што и да е. Повторувам, така, парижаните се помалку надвор од нас, не се напикани во време-простор така што да се создаваат турканици, а почитувањето на достоинството на човекот и неговите индивидуални права не е компромитирано.

Значи, репресијата што ја гледаме овде и во Србија е не само навреда за т.н. европски вредности на нашите општества, туку и комплетно неефикасна. И со 61 час „куќен затвор“, што е свирепа непотребна мерка, ние пак ќе бидеме повеќе надвор од Парижаните на ниво на недела или месец. Тоталитарниот рефлекс, ограниченоста на мислата сведена на екс-Ју хоризонтот на мисливото (дури ни Бугарија и Грција не се обидуваат да ги проучат и од нив да преземат пример), е нешто што оваа вонредна состојба овозможува највпечатливо да исплива на површина.

Секуловска: Дали младите генерации ќе го добијат своето право на глас- откако од нив беше побарано да се жртвуваат во име на постарите и поранливите категории- да се изолираат во име на единството, солидарноста и колективот.

Дали ќе добијат рамноправно место на одлучувачката маса, откако нивните барања и високи тонови никогаш не беа слушнати- за рамнотежа, праведност правичност во светот, за попуштање на стегите на суровиот нео-либерализам, за борбата со светските лидери против климатските промени

Колозова: Во Македонија, младите, исто како и постарите од 67 години се сегрегирани, сведени на два часа дневно движење. Во делови од Западна Европа, исто така, сето населени, вклучително и младите се условува дека послушноста, дисциплинираноста, пасивноста, затвореноста и „социјалната дистанца“ се вредности до кои држи ова наше време на општа вонредна состојба, пролонгирана на неопределено време. Секако, сето тоа е во име на некаква виша сила, заштитата на здравјето на послабите, но доколку оваа „вонредност“ стане нова нормалност – ние воспитуваме млади генерации на пасивни луѓе сведени на вегетирање.

З-генерација како зомби генерација. Се надевам дека младите ќе ја пропознаат оваа драматична контрадикција на капитализмот, во која тој можеше да падне само по пат на длабок конфликт со Природата (како што вели Маркс во неговата критика на програмата на Гота), и ќе ја искористат за радикален пресврт на политичко-економскиот поредок, и тоа глобално – што значи, тука ги вклучувам и младите од Македонија.

Секуловска: Стравувањата на научната мисла се фокусирани на креирање на авторитарни општества, зајакнување на национализмот, креирање на полициски држави кои не само што би ги следеле граѓаните, туку и би ги диктирале нивните животи, би биле нивни креатори

Колозова: Во мојот одговор за тоталитарните тенденции кои стануваат видливи токму во ситуација на вонредна состојба, и за моделите на „заробена држава“ во Источна Европа и на Балканот, кажав нешто повеќе во еден од погорните одговори. На сето тоа би додала дека, да, тие модели на управување се одржуваат по пат на нагласена употреба на полицијата, т.н. полициска држава.

Надвор од вонредна состојба, моделите на илибералните заробени држави се нарекуваа „мек тоталитаризам“. Во оваа вонредна состојба која никој не знае колку ќе трае (во Франција штотуку соопштија дека ќе продолжи и после 15 април но „не се знае до кога“), таквиот мек тоталитаризам може да се претвори во „тврд тоталитаризам.“

Секуловска: Сметате ли дека слободата на изразување, слободата на медиумите ќе биде под закана по зајакнувањето на државниот и полицискиот апарат, кој во желба, односно под превез да ги заштити граѓаните, ќе ја засили контролата и притисоците врз слободната мисла

Колозова: Секако. Во име на вишата сила за чие справување се самоназначила извршната власт, без никаков надзор од Парламентот и, доколку не биде реизбрана на парламентарни избори, ќе остане без каков и да е легитимитет пренесен од претставникот (Парламентот) на Суверенот (нацијата), критиката е забранета и прогласена за „лажна вест“, штетна во справување со невидливиот непријател, борбата со елементарната сила, пандемијата на ковид вирусот.

Секоја власт, колку и да држи апстрактно до либерал-демократските вредност, во својата апсолутност нужно апсолутно ќе корумпира. Па така, критиката и слободата на изразување ќе бидат први на удар.

Секуловска: Како ќе се одрази притисокот кон социјалните медиуми- во контекст на креирањето лажни вести, пропагандистичките тенденции особено оние кои доаѓаат од Русија, но и од останатите диктаторски бастиони

Колозова: Интересно, дури и во тоталирарно настроените држави како Русија и Турција, вакви безмилосни и бесмислени драконски мерки – нема. Лажните вести во старата смисла на зборот, поврзани со идеологија (либерализам версус илиберализам) и слично, како да не наоѓаат веќе свое место во медиумите и на социјалните мрежи.

КОВИД е единствената тема на која може лажно или веродостојно да се известува, а во статистиките, фактите кои постојано се менуваат, се губиме, ја губиме јасната слика за светот, секојдневното постоење и во потполната пасивност во која се наоѓаме стануваме индиферентни дури и за тоа дали вестите се веродостојни или лажни – само чекаме „да помине сево ова.“

Она што е важно за нас овде е да го задржиме здравиот разум, да имаме на ум дека волкава репресија на карантинот не е само спротивна на европските вредности кон кои наводно тежнееме, туку и неефикасна, типично балкански импровизаторска.

Еве една голема лажна вест која треба да се разбие а „шета“ по социјалните мрежи: Карантинот по принцип 24/7 во Западна Европа е поефикасен. Во вкупен број на часови, тој овозможува не повеќе од 2 часа надвор за рекреација, да се вдише воздух, да се прошета дете или куче, не дозволува групирање освен меѓу членови на исто домаќинство, не дозволува групи поголеми од двајца, а благодарение на тоа што исклучоците (излегувањата од дома по потреба што се пријавуваат на апликација преземена од нивното МВР) се случуваат во кој било дел од денот – турканици нема никаде и никогаш.

Нашите информатичари и нашите институции се способни да изработат такво решение и тоа во кус рок и да им овозможат на нашите власти да бидат и поефикасни во справувањето со пандемијата, но и да не ги компромитираат прокламираните либерални вредности.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.