НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Лидија Димковска: Се плашам дека Корона вирусот ќе биде изговор за кризата која ќе следи

0
By Биљана Секуловска on April 15, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Серијал на НОВА со водечките македонски интелектуалци: Лидија Димковска, писателка-“Во Македонија сиромаштијата е за жал, стандард, и многу ми е страв дека епидемијата ќе стане изговор за се што ќе се случува по неа во општеството, од финансиски, до економски, социјални и психолошки проблеми на населението”.

Секуловска: Светската научна мисла е согласна во едно- дека промените во светот се неминовни, по кризата со Корона вирусот. Акцентот е на сериозно ужасните прогнози за економски колапс, дури и на економски најмоќните и најздравите држави, доколку продолжи оваа здравствена и финансиска агонија.

Овој економски дебакл кој се очекува ќе повлече во вид на домино ефект и многу други тешки последици- социјални прегрупирања, зголемување на јазот- класниот пред се, загрижувачки психолошки ефекти како резултат на изолацијата, но  процесите на финансиско стрмоглавување. Кои се вашите предикции за економските и социјалните промени?

Димковска: Би сакала да можам да гледам пооптимистички на сето тоа. Сепак се работи за период од само неколку месеци – прашањето е во каков свет всушност живееме (или живеевме) кога дури и едномесечно неработење може да доведе до економски колапс. Дали не бевме и преходно во финансиска агонија? Неолиберализмот кој работи за да троши, очигледно дека можел и да се потроши. Зарем нема заштеди, планско распоредување на средствата, фондови за црни денови?

Црните денови допрва ќе дојдат, а светот е веќе со празна каса. Светот да, но многу поединци не. Токму сега, во мигот додека ова го пишувам, масовно се купуваат злато и биткоини, продажбата на Интернет на се и сешто нарасна како никогаш порано, на пазарите цените на зеленчукот и овошјето растат, се случуваат недоброј финансиски трансакции и нечесни игри. Секоја војна, па и оваа со коронавирусот има свои профитери и свои губитници.

Кога сето ова ќе помине, јасно е дека ќе има многу последици и дека финасиската криза ќе се одрази во многу сегменти од животот, а некои едноставно нема да можат ни да ја преживеат.

Владата во Словенија меѓу мерките што ги презеде, покрај другото воведе и паричен додаток за пензионерите што од аналитичарите се смета за крајно популистички потег: пензиите се сепак (се уште) најстабилното нешто во општеството, а во услови на епидемија пензионерите немаат конкретни финансиски загуби. Од друга страна, еден уметник, на пр. кој нема никаков статус може буквално да умре од глад бидејќи нема покритие односно документација со која ќе докаже дека му е потребна парична помош. Да не зборувам за многу други категории на луѓе кои уште од самиот почеток на епидемијата се соочуваат со егзистенцијални проблеми.

Дури и во една Словенија над илјада деца, на пр. живеат само од оброкот што го добиваат на училиште и неретко го носат дома за да можат да го поделат со своите родители.

Во Македонија сиромаштијата е за жал, стандард, и многу ми е страв дека епидемијата ќе стане изговор за се што ќе се случува по неа во општеството, од финансиски, до економски, социјални и психолошки проблеми на населението. Државите ќе мора да ја поминат и транзицијата на епидемијата, а тоа во секоја земја ќе трае зависно од претходно изградениот систем и од подготвеноста и одговорноста на властите да се справат со кризата.

Секуловска: Дали младите генерации ќе го добијат своето право на глас- откако од нив беше побарано да се жртвуваат во име на постарите и поранливите категории- да се изолираат во име на единството, солидарноста и колективот.

Дали младите ќе добијат рамноправно место на одлучувачката маса, откако нивните барања и високи тонови никогаш не беа слушнати- за рамнотежа, праведност правичност во светот, за попуштање на стегите на суровиот нео-либерализам, за борбата со светските лидери против климатските промени?

Димковска: Се изолиравме сите, и деца и млади и стари. За време на епидемија сите се жртви. Факт е дека заболуваат најчесто постарите лица, но не се исклучоци ни помладите. Но, жртви сме апсолутно сите. Замислете какви жртви се родителите на децата и младите со аутизам, со какви предизвици се соочуваат секојдневно во оваа изолација, кога ни на здраво дете не можеш да му објасниш зошто не може да си игра со другарчињата надвор, а не пак на дете кое не може да го издржи притисокот на правилата што не ги разбира. Или самохраните родители, или разведените родители, збунети и лути што изолацијата уште повеќе ги одвојува од нивните деца и им го попречува правото на заеднички поминати часови или денови. Во време на епидемија нема неранливи категории.

Но што се однесува на младите, илузорно би било да се очекува дека ќе добијат нешто повеќе од порано освен ако светот навистина не се промени после епидемијата, ама за жал, од историјата единствено научивме дека од историјата ништо не научивме, па и оваа пандемија, иако ќе остави големи последици  зад себе, човекот ќе побрза да ја заборави и колку-толку да ја санира за да продолжи понатаму во истиот или сличен терк како и пред неа,  одошто да извлече поуки и да промени клучни нешта во сопствениот живот, во општеството, во светот.

На почетокот на пеидемијата завладеа оптимистички призвук во интелектуалната средина, дека конечно му дојде крајот на неолиберализмот, дека светот ќе се врати на своите стари вредности, дека конечно секој ќе добие свое место под сонцето, дека повеќе никој нема да биде гладен бидејќи распределбата на капиталот ќе стане правична, дека поразумно ќе гледаме на патувањата, на искористувањето на природните ресурси, на загадувањето на околината, дека нема повеќе толку да трошиме, дека ќе се врати квалитетот во нашиот живот, итн., а колку што се одолговлекува епидемијата спласнува и надежта во моделот на правична социјална држава. Ако погледнеме околу себе ќе видиме дека луѓето одвај чекаат да продолжат со стариот живот, каков и да бил, дека државите пред да помислат на бездомникот најпрво сакаат да го спасат капиталот од кого тој бездомник никогаш немал никаква полза.

Претпоставувам дека мислите на еден дел од младите бидејќи не сите млади се бореа и пред епидемијата за вредностите што ги посочувате, исто како што ни постарите не можат да сместат во една и иста категорија. Навистина е голем бројот на оние млади кои се еколошко освестени, општествено одговорни, отворени кон миграциите, мигрантите, сиромашните, дискриминираните, поинаквите, итн.,

Но, факт е дека во националистичките и неонацистичките здруженија има повеќе млади од постари членови, дека во светот на бизнисот неретко токму младите менаџери ги искористуваат евтините работни сили, дека бордовите на мултинационалките и на фирмите со огромен капитал се составени претежно од млади претприемачи кои, рака на срце, работат по 24 часа, но поради односно за нив  24-часа работат и мизерно платените работници во неразвиените земји, итн.

Да не заборавиме дека на светот постојат Грети, но и анти-Грети: неодамна како пандан на Грета Тунберг се појави  19-годишната Германка Наоми Сеибт која тврди дека  климатски промени не постојат и веќе им е идол на многумина конзервативни млади. Радикализирани млади за жал има низ целиот свет, па и во Македонија. Ни поединечен човек не може да се идеализира, а не пак маса од луѓе кои имаат само едно нешто заедничко: а тоа е нивната младост, недоволна за суштински поместувања.

Но да се вратиме на оние млади во кои и двете веруваме – а тоа се оние млади, кои, како што велите, освен во борбата со светските лидери против климатските промени се борат и за праведност во светот, за попуштање на стегите на суровиот нео-либерализам, итн.  За да добијат место на одлучувачката маса ќе треба да има и услови за тоа.

Оптимистот во мене смета дека такви услови ќе се создадат по епидемијата од која општественото уредување прво ќе извлече сурова лекција, ќе се отрезни од пијаноста на неолиберализмот и потоа ќе започне здраворазумски да размислува: а тогаш промените се возможни, па според тоа ќе се создадат и услови за поинакво општествено уредување во кое младите можат и тоа како да учествуваат со идеи и практики.

Песимистот во мене, пак, вели дека до таква позитивна промена нема да дојде. Зошто? Затоа што во оваа изолација, која трае малку повеќе од еден месец што е прилично кус период, очигледно е дека и властите и обичниот човек размислуваат на сличен начин: да заврши што поскоро за да си се врати се по старо. Но ако биде се по старо, тогаш нема како некој нов да најде место на одлучувачката маса.

Секуловска: Стравувањата на научната мисла се фокусирани на креирање на авторитарни општества, зајакнување на национализмот, креирање на полициски држави кои не само што би ги следеле граѓаните, туку и би ги диктирале нивните животи, би биле нивни креатори.

Димковска: Епидемијата им дојде како кец на десетка на системите кои се веќе автократски или тежнеат да станат – сега си најдоа и оправдување за тоа. Денес членка на Европската Унија, Унгарија, има севернокорејско-кинеско-турско-руско-српска (а можам се уште да набројувам) варијанта за автократија во Орбан, во друга членка на ЕУ, Полска, постојат општини со т.н. ЛГБТ-слободни зони, односно општини во кои е забрането да се биде ЛГБТ бидејќи според полските власти претставниците на ЛГБТ заедницата се „насочени кон уништување на вредностите кои произлегуваат од вековното христијанско наследство“.

Минатата година бев на саемот на книгата во Варшава и се сретнав со една пријателка која ми раскажа како, кога ќеркичката почнала да оди во градинка, добиле прашалник во кој, покрај прашања за тоа дали на пр. детето е алергично, дали мора да спие на пладне итн. со два можни одговора Да и Не, имало и прашање- Дали може да посетува часови по веронаука (во градинка!), но можност за одговорот -Не -немало. Имало само една графа, со- Да.

Можам да замислам колку ќе се радикализира Полска после епидемијата, а и до сега не седеше со скрстени раце.  Да не зборуваме за политиката на Трамп – во американската држава Тексас токму пред неколку дена републиканските власти забранија абортус како ненужен медицински посег во период на епидемија – тоа е апсурдно кога се знае дека зародокот не чека за да порасне и да ја примора жената да го роди иако тоа не бил нејзин избор.

Кинеската, руската и турската политика, како и многу други, не треба ни да се споменуваат. Црнохуморно е дури и тоа што лекарот од Кина кој прв сигнализираше на појавата на коронавирусот најпрво го замолчеа (а неговата смрт ќе остане загатка како и и многу други во кинеската репресија), а сега го прогласија за маченик. Во Словенија, каде што живеам, на власт е Јанез Јанша, а неговата политика не е непозната за да ја објаснувам подетално: како идеолошки побратим на Орбан ( а да не заборавиме – и на Груевски), не ја потпиша изјавата со останатите земји-членки на ЕУ во која се против радикализацијата на Орбановата политика во Унгарија.

На словенечките граници сега има војска која ја штити државата од непријател што никој не може да го види (би требало да е коронавирусот, но тоа се всушност мигрантите). Времето на епидемијата нужно ги ограничи слободите на човекот (во медицинска смисла за негово добро), но толку многу ги зголеми слободите на владеењето што тоа е очигледно само за доброто на властите. Најголемиот страв е дали по повлекувањето на епидемијата ќе се повлечат и сите заштитни мерки или некои незабележиво ќе останат, ќе станат рутина, нешто што се подразбира.

Дали ќе има нова стандардизација на слободите и правата или системот ќе се прави недоветен за на пр. прекумерниот број на војска и полиција на границите и уште понечовечкото третирање на бегалците?  Патем речено, бегалците повеќе ги нема во вестите, станаа „непријател број два“. Но кога непријателот број еден, коронавирусот, ќе се повлече, повторно ќе бидат непријател број еден. А тогаш автократските власти ќе бидат уште побезмилосни со него бидејќи ќе мора некако да ја оправдаат полициската и милитаристичката моќ на системот.

Секуловска: Во вакви кризи кои доведуваат до тектонски промени, светот сепак се свртува кон единствениот излез- авторитетот на научната мисла, на едуцираните, експертите- на интелигенцијата, наспроти претходните, сега веќе заборавени авторитети- црквата, како дотогашен, или довчерашен политички и црковен авторитет и патрон на масите. Дали сметате дека овој тренд ќе продолжи и по ставање крај на оваа криза?

Димковска: Никогаш појасно не било дека по епидемијата насекаде низ светот треба на секој начин да се инвестира пред се во здравството, образованието, научната мисла и културата. Друго прашање е дали тоа и навистина ќе се случи. Дали и понатаму еден научник ќе мора да се пријавува на безброј програми за грантови за да може најпосле да и се посвети на истражувачката работа, а еден глумец во Холивуд или тенисер на Вимблдон или кошаркар во НБА милионите ќе си ги брои и понатаму како да се џепарлак за деца. Да не спомнувам колку е потценета и слабо платена работата на лекарите, на учителите, на уметниците итн.

Наеднаш сите им ракоплескаме на медицинските лица, а до вчера ги сметавме за  поткупливи и неспособни. Наеднаш сите очекуваме од научниците вакцина, лек, решение за Ковид 19, а до вчера беа таму некаде далеку, во некој свет што речиси го потценувавме.

Каде се уметниците во сето тоа? Токму уметноста е денес најдобриот завој за раната од физичката дистанца – сите наеднаш гледаат онланј претстави, концерти, изложби, бесплатно симнуваат филмови, читаат е-книги, толкава конзумација на културата ретко се случува во нормални услови, но оние кои ја создаваат културата, уметниците, се симбол на прекаријатот и најчесто жртви на празните ветувања на властите.

Напредната мисла мора да се подржува и да се стимулира. Само во неа гледам авторитет на којшто може да му се верува. Верските институции, кои најчесто сакаат да флертуваат и да и се додворуваат на власта, во услови на пеидемија треба сериозно да се запрашаат дали навистина во божјо име му служат на народот (а со тоа и на Бога) и дали е не вистинското време преку конкретна помош и поддршка, да му помогнат на народот. Не барајќи финансии, не повикувајќи ги верниците на причест, не загрозувајќи го јавното здравје, туку со љубов, разбирање и родителска одговорност да помогнат во спроведувањето на заштитните мерки против ширењето на коронавирусот.

Секуловска: Сметате ли дека слободата на изразување, слободата на медиумите ќе биде под закана по зајакнувањето на државниот и полицискиот апарат, кој во желба, односно под превез да ги заштити граѓаните, ќе ја засили контролата и притисоците врз слободната мисла

Димковска:  Пред неколку дена, како одговор на критиките и протестите на словенечките новинари, кои немаат право на пр. да присуствуваат на пресовите за епидемијата што ги одржуваат властите и Кризниот штаб,  владата испрати писмо до Советот на Европа во кое се вели дека повеќето словенечки медиуми потекнуваат од комунистичкиот период и на тој начин ја дискредитира во целост слободата на изразување.

Во еден Туркменистан забрането е да се спомне зборот коронавирус, па како да се зборува за слобода на изразување дури и во буквалната смисла на зборот. Од Северна Кореја немаме никакви информации за заболените.

Во Србија власта би ги потчинила, ако тоа се уште го нема направено,  буквално сите медиуми, а да не заборавиме дека така беше и во Македонија, а делумно некои медиуми и сами се потчинуваат на целите на оваа или онаа партија. Во услови на епидемија властите на многу држави ја искористија можноста да ја ограничат слободата на изразување, и ќе треба повторна борба за ослободување на медиумите од репресиите на власта. Се случува и нешто друго – впечатокот дека сме во еден вид медиумска војна, потоа дека медиумите како по договор решија да соопштуваат се поцрни вести и сценарија, дефетизмот му стана оружје на денешниот медиумски свет.

Кога еден обичен гледач гледа вести, има чувство дека епидемијата никогаш нема да заврши. Се драматизира и таму кајшто нема потреба за тоа. Некои новинари прибегнаа кон тактиката да прашуваат за изјави стручни и лаички лица за кои а приори знаат дека ќе одговараат крајно песимистички на прашањата за коронавирусот.

Пред некој ден една мошне гледана словенечка телевизија во ударните вести покани лекар кој со широка насмевка на лицето рече дека ова лето нема како да се оди на одмор во странство, дури ни во Хрватска, и дека треба да се откриваат убавините на татковината. Толку беше задоволен со тоа што го кажа што тоа не можеше да го сокрие. На тој начин им врза шлаканица дури и најголемите оптимисти. Надежта умира последна, а медиумската војна како да сака да ја убие прва. По епидемијата изгледа ќе треба се одново да се преиспита и секој одделно да си одговори на вечното прашање на Мисирков: “Што направивме и што треба да направиме во иднина, овојпат во сите сегменти на животот”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.