Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Мира Гаќина: Сето ова ни се случува заради нашата неука ароганција

0
By Биљана Секуловска on May 18, 2020 ВЕСТИ
SONY DSC
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Серијал интервјуа на НОВА со културните работници во време на Корона кризата: Мира Гаќина, директорка на Музејот на современа уметност- “Уметниците денес, особено кај нас, тие се сосема потиснати, турнати во неизвесност, со најнизок социјален статус. Трговец на пазар што не постои”.

НОВА: Уметноста и културата се прогласени за мртви во кризата со Корона вирусот. Сега мртвилото надвладеа токму онаму- кадешто претходно изгледаше невозможно-  мислевме дека е надвор од умот да се живее без уметноста, без културата.

Гаќина: Уметноста не е мртва, ниту пак пасивна, кога веќе зборуваме за  нејзиниот интерес и посветеност на големите, егзистенцијални теми. Апокалипсата, заканата од исчезнување на човечкиот род е напротив постојана тема во историјата на уметноста. Оттаму, можеби во вакви кризни времиња луѓето се свртуваат кон неа, кон уметноста, културата, очекувајќи, не можеби одговор или предвидување, туку утеха или инспирација за наоѓање нови пристапи, прилагодени.

Не може да се одрече дека овие теми, за загрозеност на човештвото, на планетата, беа актуелни во светот на уметноста и пред избувнувањето на кризата.

Минатата година учествував на научен собир во Варшава со свој труд (за кризата на институциите), каде актуелни теми беа оние за постхуманизмот и трансхуманизмот, за пластицитетот на планетата, за Киборг, за Планета без хомо сапиенс. Заеднички беше заклучено дека постои ниско ниво на свест за тоа дека Планетата не е неутрален агент, дека таа реагира повратно, на нашата активност, или обратно, како резултат на нашата пасивност. Само неколку месеци подоцна почна глобалната пандемија.

Биеналето во Венеција, исто така минатата година, како да ја фрли клетвата со своето квази-кинеско мото „Да (ти се погоди да) живееш во интересни времиња“ (“May You Live in Interesting Times”).

Ние во МСУ, минатата година, изработувајќи ја годишната Програма за 2020, исто така како да предвидовме што ќе се случува, предложивме изложба под работно име „Паник рум“. Музејот е по дефиниција простор кој ја олеснува социјалната реинтеграција, дури има сведоштва од затвореници колку посетата на музеи им била значајна за повторно да се прилагодат да живеат слободно.

Во таа смисла, се надеваме, дека нашата Соба за паника ќе знае да нѐ ослободи од акумулираната тензија во овој период на колективен карантин. Ние го користиме ова време за интензивна социјална он-лајн комуникација со верните посетители на Музејот, дури го зголемивме значајно бројот на заинтересирани за нашата работа, но остануваме убедени дека нашата вистинска работа е, пред сѐ, директниот контакт. Од тие причини периодот го користиме и за програмирање на нашите активности надвор од ѕидовите на Музејот, во тесна соработка со сродни институции.

Инаку, сметам дека една од причините што сме ваму каде што сме е неуката ароганција, верувањето дека човекот е на врвот на ланецот на исхрана. Излезе дека сме многу ранливи, како поединци и како заедница. Сега се доведовме до тоа да бегаме еден од друг, Другиот, дури и најблискиот да го гледаме како смртна опасност. Стана јасно дека глобалниот систем е биолошки неодржлив во отсуство на адекватна јавна инфраструктура, не само во здравството, туку и во образованието и културата. Основите на социјалната заедница се поткопани. Со „Остани дома“, сите се согласуваме, ама тоа не е и не може да биде стратегија, туку купување време. Да размислиме, да разбереме.

НОВА: Каде го гледате излезот, што веднаш треба да се стори за да ги избавиме и нив, уметноста и културата, и воедно самите себе?

Гаќина: Игноранцијата е нашиот главен проблем, многу малку всушност знаеме за глобалната криза со која се соочуваме. И на други места, како и кај нас, по автоматизам се бара решение од социјалната заедницата, од ЕУ, но одговор нема.Тоа е последица на нашиот однос кон социјалната заедница, формираниот култ кон т.н. раст на производството, кој создаде јаз меѓу нашите реални потреби и распределбата на социјалната енергија. Одеднаш сфативме дека институциите, не само нашите, туку и оние меѓународните и оние во најразвиените држави се без вистински капацитет и без компас.

Излезе дека радикалните промени што ги бараме не се бунтовничка поза, туку ургентна потреба во општеството. Излезот мора да го бараме во обмислена прераспределба на ресурсите, пред сѐ, за да се генерира амбиент во кој на дефинираните проблеми ќе им се приоѓа со научна сериозност, на ненадминливите тешкотии со искрен солидарен дух и нема да се дозволат состојби кои не само што го загрозуваат човечкото достоинство, туку и самиот живот.

Во секој случај наивно би било да веруваме во едноставни решенија и да се задоволиме со декларации, апели или да потхрануваме дефетизам со апокалиптичен песимизам. Она што се чини веќе јасно и за кое нема да има потреба од убедувања е дека е неопходно солидарноста да биде искажана на глобално ниво и да се обезбеди дисеминација на знаењето, во сите области.

НОВА: Како го гледате во иднина пазарот на културата и уметноста- дали ќе бидат неопходни реформи и целосно реструктурирање- каде акцентот ќе биде ставенна иновативност и експерименталност? Дали ќе надвладее ваквиот тип на култура, наспроти индустријата на онлајн забава (не секогаш во вулгарна смисла е оваа забава)- кадешто предничи филмската индустрија.

Гаќина: Пазарниот фундаментализам нѐ доведе овде каде што сме. Она што му се припишува на пазарниот механизам како својствено, во реалноста не постои. Оние кои имаат доминантна позиција на „пазарот“, (на уменоста на пример, како и на сите други „пазари“) заради ресурсите и информациите кои ги поседуваат, се привилегирани. Погрешно од тие причини ќе биде ако продолжиме да веруваме дека пазарната стабилност е најважното јавно добро и во тоа име да ја прифатиме колатералната штета – натамошно руинирање на јавната инфраструктура, здравствена и друга. Така само ја потхрануваме системската слабост која е причина за нашиот недоволен капацитет за солидарна акција.

НОВА: Што е уметникот денес? 

Гаќина: Уметникот денес е можеби во понезавидна положба од било кога. Во времето на кралевите тие имаат некаков статус на дворот, како и дворскиот шут, заради претпоставениот слободен дух смеат и да му ја кажат вистината на кралот во очи. Денес, особено кај нас, тие се сосема потиснати, турнати во неизвесност, со најнизок социјален статус. Трговец на пазар што не постои, поединец соочен со добро организирани групи кои внимаваат добро да бидат контролирани сите легитимирачки агенти и интерпретацијата на културниот капитал, за да се спречи (или присвои) креативно учество, дури и во фаза на декорација.

НОВА: Колку може оваа криза да го уништи уметникот? Колку може сепак и тој да ја уништи неа?

Гаќина: Никој, се разбира, не може да го уништи уметникот. Неговата сила е во неговото знаење, во неговата спремност да опстане независно, неговата основна мотивација во суштина е трагање по одговори на големите прашања.  Ако проблемот со кој глобално се соочуваме е недостаток на политичка волја за колективна акција, искреноста на уметничкиот ангажман е она што може да инспирира создавање на чувство на заедница, обединување. Дури и ако на неискусно око (или уво), нешто лажно му заличи на нешто допадливо, примамливо, прифатливо, времето само ќе покаже колку е расипливо, миризбата ќе го издаде, сетилото за мирис потешко можеш да го измамиш.

НОВА: Дали после оваа криза ќе заврши ерата на културата на тривијалност, вулгарност,  евтиност, културата на шундот и кичот, онаа селебрити култура, онаа култура на холивудски бесмислени спектакли и риалити шоуа? Или пак можеби оваа примитивна култура ќе се зацврсти на тронот, како неизбежен и единствен излез од суровата реалност со која сме опкружени- на болестите, смртта и безизлезноста?

Гаќина: Холивуд имал и има големо влијание врз јавното мнение и врз општествените и уметничките трендови, неспорно, но сепак не е она што доаѓа од таму монолитно (не може целината на холивудскиот производ да се редуцира на нешто што би го нарекле евтина култура). Таму Чаплин го разобликуваше Хитлер, а Тарантино по втор пат го ликвидираше. Верувам дека и сега, штом ќе успееме да се позиционираме во однос на актуелната криза, од таму можат да дојдат оригинални и креативни идеи.

Дали е кризата шанса? Во уште еден „ориентализам“, (западно ненаучно толкување на кинеските знаци и култура), се тврди дека кинескиот збор за криза е составен од два знака – опасност и можност (шанса). Сеедно што ова лингвистички не е до крај издржано, јас се согласувам дека не треба да пропуштиме да ги повториме нашите позиции, дека се потребни итни и радикални промени.

Овој пат многу погласно, бидејќи кризата ги направи многу повидливи причините за неефикасноста на социјалните системи. Не треба да дозволиме и понатаму да бидеме залажувани преку едноставни, линеарни показатели дека ни е подобро или полошо. Хармонични односи се градат преку познавање на проблематиката. Нема да има симфонија во светов, ако кралот му кажува на Моцарт дека има премногу ноти, нека скрати малку.

Интересно беше едно од размислувањата разменето овие денови. Во очекување на „денот после“, треба да бидеме свесни дека, како што беше чудно, бизарно, одеднаш да го смениме ритамот на животот и од светлина да влеземе во мрак, подеднакво ќе биде чудно кога ќе излеземе од мрак на светло. Такви нови искуства можат да донесат и изненадувања.

Познатиот куратор Обрист се залага уште сега да се подготвиме за голема и интензивна уметничка активност, на глобално ниво, за спас од кризата. Тој потсетува дека Рузвелтовиот план за излез од економската криза, во триесеттите во САД, претставувал значајна државна интервенција, буџетски финансирана, која вклучувала јавно ангажирање на уметниците, на проекти од јавен интерес. Во проектот учествувале, покрај другите, и Полок, Ротко, Краснер и де Кунинг. Обрист смета дека државата треба и денес да финансира ангажман на уметниците директно во заедниците, уметноста да делува и надвор од музејските ѕидови.

Можеби си во право, можеби по кризата влегуваме во нова ера, можеби уметноста ќе премине во офанзива. Можеби конечно ќе прифатиме дека еден од најубедливите индикатори за напредно општество, користен и од економската наука, е бројот на уметници по жител.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.