Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Петар Андоновски: Ова што сега ни се случува не е живот, туку глумење живот

0
By Биљана Секуловска on May 2, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Серијал интервјуа на НОВА so културните работници во Македонија во време на Корона кризата: Петар Андоновски, писател- “Уметниците се финански мртви”.
Секуловска: Уметноста и културата се прогласени за мртви во кризата со Корона вирусот. Сега мртвилото надвладеа токму онаму- кадешто претходно изгледаше невозможно-  мислевме дека е надвор од умот да се живее без уметноста, без културата

Андоновски: Не би кажал дека уметноста е мртва. Постојано имате онлајн изложби, промоции на книги, читања, концерти на отворено. Но сето тоа е на добра волја на уметниците, за тоа немаат никаков надомест. Повеќе би кажал дека уметниците се ,,финансиски мртви”.

НОВА: Каде го гледате излезот, што веднаш треба да се стори за да ги избавиме и нив, уметноста и културата, и воедно самите себе?

Андоновски: Се надевам дека за почеток ќе се укине полицискиот час. И да немам намера воопшто да излегувам од дома, од самата помисла дека ми е ограничена слободата на движење ме обзема паника. А најмалку што ни е потребно сега е чувството на безизлезност.

Ова што сега ни се случува не е живот, туку глумење живот. Дури и за нас уметниците за кои ваквите изолации се природна состојба, колку и да ни одговараа на почетокот зашто имавме време за сопственото творештво, сепак ни влиjае депримирачки зашто ова ни е наметната состојба а не личен избор. Единствениот излез го гледам во слободата.

НОВА: Како го гледате во иднина пазарот на културата и уметноста- дали ќе бидат неопходни реформи и целосно реструктурирање- каде акцентот ќе биде ставенна иновативност и експерименталност? Дали ќе надвладее ваквиот тип на култура, наспроти индустријата на онлајн забава (не секогаш во вулгарна смисла е оваа забава)- кадешто предничи филмската индустрија.

Андоновски: Можеби една од ретките убави работи кои ни се случуваат сега е што уметноста и културата стана подостапни. Не морате да отпатувате во Париз за да го посетите Лувр, тоа можете да го направите и онлајн.  Но, тоа е убаво само во вакви критични времиња. Во никој случај иднината на културата и уметноста не ја гледам во онлајн комуникацијата. После ова, ништо повеќе нема да биде исто. Повеќе нема исто да гледаме на животот а со тоа ќе ни се промени и погледот на културата и уметноста.

Уметноста пред пандемијата беше во сенка, а интересно е како во тешки времиња секогаш бараме спас во неа. Се надевам дека сите оние кои претходно викаа ,,многу сакам да читам ама немам време” конечно сега се изначитаа, или оние кои одеа во театар само кога ќе добиеја бесплатна карта сега се изнагледаа онлајн претстави и едвај чекаат да купат карта и да отидат во театар. Се надевам дека после ова ќе се свртиме повеќе кон културата и уметноста и на тој начин ќе им се одолжиме.

НОВА: Што е уметникот денес, кој сте денес вие?

Андоновски: Во Македонија уште има луѓе на кои кога ќе им кажете дека сте писател ве прашуваат ,,а имаш ли нешто напишано”. За многу луѓе писатели се оние од ,,лектирите и учебниците ” – не и луѓе од реалноста. Ние сме келнери, книжари, агенти за недвижнини, програмери, лектори, професори, невработени… Писатели сме во тоа малку слободно време што ќе ни остане.

НОВА: Колку може оваа криза да го уништи уметникот? Колку може сепак и тој да ја уништи неа?

Андоновски: Уметникот кризата може да ја уништи само со креативност. Но, креативноста е возможна само доколку вашите блиски се добро и не го изгубите работното место. За жал, многу мои колеги кои живеат од хонорари и не се во постојан работен однос или останале без работа веќе ја изгубија битката со кризата. Последиците допрва ќе ги чувствуваме дури и тогаш кога се ќе се врати во ,,нормала”. Изгубеното време никој нема да ни го надомести.

НОВА: Дали после оваа криза ќе заврши ерата на културата на тривијалност, вулгарност, евтиност, културата на шундот и кичот, онаа селебрити култура, онаа култура на холивудски бесмислени спектакли и риалити шоуа?

Или пак можеби оваа примитивна култура ќе се зацврсти на тронот, како неизбежен и единствен излез од суровата реалност со која сме опкружени- на болестите, смртта и безизлезноста?

Андоновски: Не верувам дека ерата на риалити културата ќе исчезне, но се надевам дека за овие неколку месеци додека светот беше во целосен застој, конечно ќе сфатат медиумите кои ја популаризираа таа култура дека и со квалитетна содржина може да се постигне гледаност или читаност, а конзументите на шундот и кичот се надевам дека сфатија дека животот е премногу краток за да го трошиме времето на безначајни работи. Се надевам дека кога сето ова ќе заврши нема да се вратиме на старо, дека повеќе ќе си го почитуваме сопственото време. Само така ќе се свртиме кон вистинските вредности.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.