Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со шкотскиот европратеник Алин Смит: Шкотска сака да остане дел од ЕУ

0
By Нова ТВ on September 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ако Шкотска се стекне со независност од Велика Британија би требало да остане дел од Европската Унија вели во интервјуто за Дојче Веле шкотскиот европратеник Алин Смит.

Алин Смит е член на Шкотската национална партија која се залага за независност на Шкотска. Од 2004 година е назначен за европратеник. Во продолжение е целосното интервју со него.

DW: Г-дин Смит, Вие сте веќе десет години член на Европскиот парламент од Шкотската национална партија, која припаѓа на групата на Зелените. Претпоставувам дека сакате да се ослободите од тие функции, со оглед на тоа дека се согласувате со тоа Шкотска да го напушти составот на Велика Британија, а со тоа и на Европската Унија?

Алин Смит: Не, апсолутно не. Шкотска е проевропска, социјалдемократска земја. Ние сме дел од една земја-членка (Велика Британија), која брзо се одалечува од Европа. Британската влада ги поткопува човековите права и меѓународното право. Таа на ЕУ ѝ прикажува сосема погрешно. Ова е спротивно на шкотските интереси. Во Шкотска, сега правиме друг избор. Од 1999 година, си го вративме нашиот национален парламент. Ние сме едни од најстарите народи во Европа. Шкотска во својата историја била повеќе време независна отколку што била дел од Обединетото Кралство. Обединетото Кралство е креација на минатото.

DW: Значи, сакате да ја напушти Велика Британија, но да остане членка на Европската унија. Од ЕУ, сепак велат дека тоа не е толку едноставно. Шкотска треба да ја напушти ЕУ, ако го напушти Обединетото Кралство. Тоа значи ќе биде доста комплицирано.

Смит: Се разбира, тоа е комплицирано, како и сè друго во Европската унија. Унијата е прагматична организација која се базира на демократијата, човековите права и меѓусебно балансирање на интересите. Нема договор во ЕУ и не постои закон кој вели дека треба да си одиме. Се разбира дека за тоа не постои пример на добра пракса, но ние депонираме пари, ги задржуваме 80 отсто од нафтата и резервите на гас на Велика Британија, имаме ресурси и околу 20 отсто на обновливите извори на енергија во ЕУ. Европската унија нема да сака да нè снема. Шкотска сака да оди. Нашиот случај е единствен како обединувањето на Германија, каде што, исто така, се велеше дека нема да функционира. Ако постои политичка волја, тогаш тоа може да успее. Владите и на Шкотска и на Британија се обврзаа на спроведување на волјата на гласачите по референдумот.

DW: Зар не се грижите за тоа дека останувањето на Шкотска во ЕУ би можело да ја блокира Шпанија? Би создале преседан за региони од ЕУ кои исто така тежнеат кон независност, како на пример Каталонија и Шпанија?

Смит: Јас се грижам и што во следните пет минути би можел метеор да падне врз Шкотска. Мислам дека мора да се соочиме со тоа што најразумно гледано ќе се случи. Не верувам дека на една членка ѝ е во интерес блокада. Никој во Шпанија не рекол дека би го блокирал пристапот на Шкотска. Шпанскиот министер за надворешни работи рече дека за него решавачки став е оној на британската влада во Лондон. Британската влада и Шкотска веќе се согласија дека по изјаснувањето ќе се обратат до Европа со заеднички предлог. Во тој случај, тоа воопшто не би било преседан.

DW:Што велат вашите колеги, другите европратеници на вашите планови? Дали им се јасни вашите аспирации за независност?

Смит: Кога ќе им се објасни тие брзо сфаќаат. На моите колеги од групата на Зелените секогаш им кажував дека шкотскиот национализам се разликува од национализмот во другите земји. Шкот е некој кој живее во Шкотска. Ние сме про-европски земја. Луѓето ќе почнат да го почитуваат нашето меѓународното право штом демократски решиме да си го вратиме на нас самите.

DW: Што е со членството во НАТО: Ќе остане ли Шкотска во тој воен сојуз?

Смит: Со положба во средината на Северниот Атлантик, ние стратешки сме многу важни. Имаме многу долго крајбрежје со нафта и многу риби – што треба да се одбранат. Ние ќе се обидеме да останеме во НАТО, како и во ЕУ. Ќе поминеме низ одреден процес, но во интерес на сите членки на НАТО е да останеме во Алијансата. Ние веќе имаме еден предлог за тоа како треба да изгледа нашата армија.

DW: Дали ќе има проблем со нуклеарната подморна флота на Велика Британија? Таа е стационирана во Шкотска. Дали би можела да остане?

Смит: Во овој момент имаме длабоко недемократска ситуација, во која сто проценти од нуклеарното оружје е стационирано во Шкотска. Но, тоа се наоѓа во подморниците, така што може да се премести. Обединетото Кралство тоа оружје би можело да го однесе на друго место. Ние би биле членка на НАТО без нуклеарно оружје. И тоа, верувам е напредокот за светот.

DW: Доколку Шкотска ја напушти Велика Британијадали ќе ја подигнете границата со Англија, а со тоа и со Европската унија или би се приклучиле на Шенген зоната, односно на подрачјето на ЕУ без гранични контроли?

Смит: Нашиот план изгледа вака: ние веќе имаме заедничка туристичка област со Велика Британија, Северна Ирска и Република Ирска. Таа е слична во Скандинавија, каде што Норвешка не припаѓа на ЕУ, но припаѓа на Шенген зоната. Шкотска има само една копнената граница и тоа онаа со Англија. Затоа, заедничката зона со Англија за нас е поважна од Шенген зоната, а бидејќи Велика Британија не е членка на Шенген, нема да можеме да се приклучиме кон Шенген зоната. За Европската унија, тоа значи дека ништо не е загубено во споредба со сегашната ситуација.

DW: Дали тоа значи дека британската кралица ќе треба да си земе пасош ако сака да ја посети нејзината летна резиденција во Балморал?

Смит: Кралицата би можела и да добие шкотски пасош, ако таа сака. Таа мора да одлучи.

DW: Значи, кралицата би можела да остане шеф на државата во Шкотска?

Смит: Единството на круната е различно од единството на парламентот. Тоа е старо веќе неколку стотици години. Тоа се различни работи. Таа е кралица на Канада, Нов Зеланд и Австралија, така што останува кралица и на Шкотска. Секој што на денот на независноста живее во Шкотска, ќе има можност да си побара шкотски пасош. Но, како и многу други држави, и ние признаваме двојно државјанство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.