Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју: Тања Фајон за можното воведување визи за Балканот

0
By Светлана Јовановска on September 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Јас стравувам со овој механизам од политички причини, некои земји членки, кои и во минатото се обидуваа да наметнат визи, дека тоа ќе го сторат не врз основа на алармантна ситуација но и од други причини“, вели во интервју за НОВА европарламентарката Тања Фајон.

Дали балканските земји ќе се соочат повторно со визи за Шенген земјите откако ЕП го изгласа суспензвниот механизам за визите?

Фајон: За сега не се зборува за тоа дека на било која земја од Балканот би и вовеле визи. Ние во Европскиот парламент (ЕП) прифативме механизам за привремена суспензија кој досега не постоеше. Тој механизам, според мене, е лош особено за земјите од Балканот кои последни добија прави на патување без визи. Лош е затоа што ЕП нема да има моќ да одлучува за процесот. Некои земји членки кои и во минатото правеа притисок за визи сега би можеле да бараат визи за една или повеќе земји, а сега целата процедура е едноставна, брза и нема демократски надзор за нејзиното воведување.

Слушнавме дека Европската комисија (ЕК) ќе го даде компромисот на суд. Зошто?

Фајон: Во овој компромис што ЕП го прифати постојат два различни механизма. Едниот е можноста за суспензивен механизам. А другиот е механизмот на реципроцитет што значи дека ако, на пример, САД одлучат да воведат визи за некоја земја членка, да можеме и ние да бараме визи за САД. Овој механизам, според ЕК, не е легален. Затоа ЕК рече дека ќе бара целиот компромис да биде даден на суд. Но, не сум слушнала досега дека ЕК тоа навистина ќе го направи.

Вие рековте дека овој механизам е опасен и штетен особено за Балканот. Зошто? Ако една земја членка побара воведување визи за Србија и Македонија колку таа процедура ќе трае?

Фајон: Опасно е затоа што за прв пат со овој компромис ЕП се откажа од улогата да влијае која нам ни ја дава Лисабонскиот договор. Ако една земја побара суспензија поради зголемен број на лажни азиланти, прво ЕК ќе го разгледа целиот предлог и ќе каже дали таа суспензија е неопходна. Потоа одлуката ја донесува Советот на ЕУ со мнозинство. Тој механизам е креиран за ситуации кои се вонредни. ЕК вика тоа активацијата може да дојде само ако ситуацијата е алармантна и дека тоа ќе биде крајна мерка. Но, јас стравувам дека од политички причини некои земји членки, кои и во минатото се обидуваа да наметнат визи, дека тоа ќе го сторат не врз основа на алармантна ситуација но и од други причини.

Како на пример популистички причини?

Фајон: Се сеќаваме на пример на некои политичари кои во предизборните кампањи во Германија, Франција, Белгија или Луксембург кои ја користеа домашната атмосфера против азилантите. Имавме и писма испратени со Советот на министрите од некои земји кои бараат да се воведе суспензивниот механизам и се закануваа дека нема да дозволат преговори за проширување.

Имате ли информации дали бројот на азилантите се намалува или се зголемува?

Фајон: Според Фронтекс (н.з. Агенција на ЕУ за заштита на надворешните граници http://www.frontex.europa.eu/assets/Publications/Risk_Analysis/WB_ARA_2012.pdf) бројот на азилантите годинава е помал од лани. Но тие постојат и треба да се внимава на тоа на Балканот. Се плашам исто така дека, поради оваа одлука за суспензивен механизам, земјите од Балканот ќе покажат поголема подготвеност да прифатат негативни и дискриминаторски мерки кон припадниците на малцинствата само за да го задржат слободниот визем режим.

– Факт е исто така дека земјите од Балканот треба да направат многу повеќе за интеграција на малцинствата како Ромите бидејќи тие се тие што најмногу патуваат и бараат азил. Ако сакаме да бидеме искрени треба да кажеме исто така дека Ромите во Србија и Македонија се подобро интегрирани во општеството отколку во некои земји членки на ЕУ. Сето тоа се чувствителни прашања и јас се надевам дека механизмот нема да биде активиран и покрај тоа што целата ситуација во ЕУ е неповолна.

– Ние изгласавме подобар компромис во Комитетот за граѓански слободи и правда со тоа што ЕП имаше право да учествува во одлуката за суспензија – и тоа е многу битно кога станува збор за слободно движење. Во април во Комитетот баравме во текстот да бидат ставени 3 години наместо 7 како што е сега. Сега земјите членки можат да ги бројат азилантите во изминатите 7 години, а не само 3. Со само 3 години земјите од Балканот ќе беа подалеку од опасноста за воведување визи.

Кога овие мерки ќе стапат на сила?

Фајон: Ако ЕК не оди на суд и ако правни служби на ЕП не побараат нешто ново, одлуката ќе биде формално потврдена од Советот на министрите, веројатно многу брзо бидејќи ова беше компромис. Тоа ќе трае вероајтно неколку седмици.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.