Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИППГ за ЛГБТИ луѓето против говорот на омраза по емитувањето на емисијата „Моја Сторија“ на МРТВ

0
By НОВА ТВ on April 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето реагираше по епизодата на емисијата “Моја Сторија” каде се дискутираа теми релевантни за ЛГВТИ заедницата во С.Македонија:

Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето го осудува хомофобичниот и трансфобичниот говор на омраза кој се појави во јавноста по емисијата “Моја Сторија” на МРТВ. Говорот на омраза кон ЛГБТИ луѓето го повредува нивното достоинство, креира застрашувачка и непријателска средина, оневозможува да живеат слободно и без предрасуди, а многу често директно може да придонесе кон зголемувањето на насилството и делата од омраза мотивирани од сексуалната ориентација или родовиот идентитет на жртвите.

Сметаме дека програми како оваа, кои отворено зборуваат за правата на ЛГБТИ луѓето, ги претставуваат нивните проблеми и барања, треба се почесто да се емитуваат на националните медиуми со цел подигнување на свеста и создавање емпатија и солидарност со оваа маргинализирана група. Медиумите и средствата за јавно информирање се клучна алатка преку која треба да се гради културата на прифаќање на различностите и ненасилството.

Говорот на омраза, вклучително и кон ЛГБТИ луѓето е забранет со Кривичниот законик, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, секој во својата област.

Апелираме надлежните институции да реагираат на говорот на омраза и да покренат соодветни постапки за санкционирање на сторителите, а медиумите и образованието да ги засилат активностите за превенција од дискриминација кон ЛГБТИ луѓето и да направат напори за позитивна промена во свеста и вредностите на сите чинители.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.