Ирачката влада има тешкотии во својата битка против милитантите- изјавуваат дипломати и политичари за Би-Би-Си.
Борци од Исламската држава во Ирак и Левант (Исис) рекоа дека го зазеле граничниот премин со Сирија и два града во северозападниот Ирак, во саботата.
Дописниците јавуваат дека припадниците на Исис се чини дека се подобро обучени, подобро опремени и поискусни од армијата.
Сунитските екстремисти го нападна градот Мосул во јуни и оттогаш се заземени големи делови од територијата во Ирак.
Постои длабок песимизам во Багдад за начинот на кој се одвива војната на владата против Исис, вели за Би-Би-Си уредникот на Свет, Џон Симпсон, кој разговарал со високи политичари и дипломати во главниот град.