Иран соопшти дека ќе таргетира економски центри и банки поврзани со САД и Израел во регионот, а воедно ги предупреди граѓаните да се држат на најмалку еден километар оддалеченост од банкарски објекти.
Портпаролот на иранското централно воено седиште „Хатам ал-Анбија“, Ебрахим Золфагари, изјави дека Иран подготвува одговор на, како што тврди, американскиот и израелскиот напад врз една иранска банка што се случил во текот на ноќта.
Американците треба да го почекаат нашиот болен одговор, изјавил Золфагари.
Тој дополнително ги предупредил луѓето во регионот да избегнуваат престој во близина на банки и економски центри, бидејќи тие би можеле да бидат потенцијални цели.
Информацијата ја пренесува Iran International, а ситуацијата дополнително ја зголемува тензијата на Блискиот Исток, каде конфликтот меѓу Иран, САД и Израел продолжува да ескалира.




