Седуммина луѓе, меѓу кои и високи полициски функционери, загинаа во авионска несреќа во југоисточен Иран, каде што оделе да истражат милитантни напади врз безбедносните сили.
Пропелерот на авионот е пронајден во близина на градот Захедан.
Во полицискиот авион имало тројца членови на екипажот и четворица патници чиј идентитет не е објавен.
Авионот полетал од Техеран кон југоистокот на земјата заради истрага за напад врз полицијата.
Во авионска несреќа во август во Иран загинаа 39 лица.
За зачестените авионски несреќи во Иран се обвинуваат дотраените летала и лошото одржување.