Младата глумица Пегах Ахангарани (29), која потекнува од познато иранско уметничко семејство, е осудена на 18 месеци затвор , поради своите општествени активности, политички коментари и интервјуа со странски медиуми, јави иранската новинската агенција ИСНА
Пегах Ахангарани (29) два пати била уапсена. Првиот пат во 2009 година во текот на протестите на опозицијата поради повторниот избор на поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад и во јули 2011 кога и било забрането да излегува три години од земјата.
Агенцијата ИСНА јави дека младата глумица е осудена на две години затвор и дека се наоѓа во притвор, поради тоа што апелациониот суд ја потврдил казната.