Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иранскиот претседател го напушти интервјуто за Си-Ен-Ен, откако Аманпур одби да стави шамија на главата

0
By Соња Крамарска on September 23, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси се повлече од долго планираното интервју со ѕвездата на Си-Ен-Ен Кристијан Аманпур на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во средата, откако таа го одби барањето да носи шамија.

Околу 40 минути пред интервјуто да започне, додека го чекале претседателот, неговиот помошник и пренел на Аманпур дека претседателот „предложил“ таа да носи шамија. Аманпур „учтиво“одбила.

Аманпур, која има иранско потекло и течно го говори нивниот јазик, вели дека носела шамија додека известувала од Иран за да ги испочитува локалните закони и обичаи, бидејќи поинаку не можела да си ја заврши задачата. Но, во Америка, таа му одговорила на помошникот на иранскиот претседател, нема да ја покрие главата за да направи интервју со ирански функционер надвор од Иран.

„Овде во Њујорк, или на кое било друго место надвор од Иран, никогаш не сум бил прашана од ниту еден ирански претседател – а сум ги интервјуирала сите од 1995 година – било внатре или надвор од Иран, никогаш не сум била замолена да носам шамија на главата“, појасни таа. „Многу учтиво одбив во мое име и во име на Си-Ен-Ен и новинарките насекаде, бидејќи тоа не е услов“.

Иранскиот закон бара од сите жени да носат покривка на глава и широка облека на јавни места. Правилото се спроведува во Иран од Исламската револуција во 1979 година и е задолжително за секоја жена во земјата – вклучително и туристи, политички фигури и новинари.

Аманпур рече дека помошникот на Раиси јасно ставил до знаење дека интервјуто – кое би било прво на иранскиот претседател на американско тло – нема да се случи доколку таа не носи шамија. Тој го нарече тоа како „прашање за почит“, имајќи предвид дека тоа се светите месеци Мухарам и Сафар и се осврна на „ситуацијата во Иран“, алудирајќи на протестите што ја зафатија земјата, додаде таа.

Минатата недела низ Иран избувнаа антивладини протести поради смртта на 22-годишната Махса Амини додека беше во притвор, откако беше уапсена од иранската полиција за моралот под обвинение за кршење на законот за марами. (Си-Ен-Ен)

Ебрахим Раиси интервју за Си-Ен-Ен Кристијан Аманпур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.